Посета на вицепремиерот Анѓушев во Тетово и средба со членки на Стопанска комора на Северозападна Македонија

Почитувани,

Ве информираме дека на 7 мај 2018 година (понеделник), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе оствари работна посета во Тетово.

Најпрво, околу 12:00 часот, вицепремиерот ќе посети еден од производствените погони на компанијата Пофикс, кадешто ќе оствари средба со сопствениците на компанијата и ќе има можност за изјава за медиумите.

Работна посета на вицепремиерот Анѓушев во Штип

Ве информираме дека на 6 мај 2018 година (недела), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе биде во работна посета на Штип.

Најпрво околу 12:30 часот вицепремиерот ќе ја посети текстилната компанија Албатрос во Штип (ќл. Железничка бр. 21), кадешто ќе оствари средба со менаџментот на компанијата, а по средбата ќе има можност за изјави за медиумите.

Посетата на Штип ќе ја заокружи со средба со менаџментот на компанијата Актива, во нивниот производствен капацитет.

Свечено отворање на капцитетот на компанијата Антура МК во Кочани

Ве информираме дека на 5 мај 2018 година (сабота), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, на покана на инвеститорот, ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на вториот производствен капацитет на компанијата Антура МК во Кочани.

Настанот ќе се одржи во кругот на компанијата Антура (ул. Оризова бр. 15) во Кочани, а официјалниот дел започнува во 12:00 часот.

Прес конференција за прв јавен повик на Фондот за иновации за поддршка на мали и средни претпријатија

Почитувани,

Ве информираме дека на 28 април 2018 година (сабота), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања и Јован Деспотовски, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, ќе одржат прес конференција на која ќе го промовираат првиот јавен повик од Програмата за поддршка  за поддршка на мали и средни претпријатија на ФИТР.

Прес конференцијата ќе се одржи во Медиа центарот на Владата на Република Македонија и ќе започне во 12:00 часот.

Седница на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија

Почитувани,

Ве информираме дека на 27 април 2018 година (петок), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе присуствува на седницата на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија.

Седницата ќе се одржува во „Уставната сала“ и ќе започне во 13:15 часот, кадешто во прво читање ќе се разгледува Предлог Законот за енергетика.

 

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS