Вицепремиерот Анѓушев: Процедурите за апликација за државна помош се транспарентни и исти за сите компании

26 јули, 2018 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, на денешната собраниската седница посветена на пратенички прашања, на прашање колку компании кадешто како сопственици се јавуваат лица од албанска националност појасни дека критериумите за аплицирање за државна помош се еднакви за сите компании и процедурите за евалуација и добивање на државна помош се транспаретни и исти за сите компании.

Започна со градба нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2 – Мурат Тиџарет инвестира 7 милиони евра и отвора 300 работни места

25 јули, 2018 година

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии, Драган Тевдовски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министрите Аднан Ќахил, Зорица Апостолоска и Зоран Шапуриќ, присуствуваа на настан посветен на означување на почетокот на изградба на нова фабрика на компанијата Мурат Тиџарет во ТИРЗ Скопје 2.

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ

Република Македонија

ПРОЕКТ ЗА ЛОКАЛНА И РЕГИОНАЛНА КОНКУРЕНТНОСТ

Потпроект: Кругот на адреналинот - развој на авантуристичкиот туризам во Крушево

Потпроект бр: LRCP-1/17-SG-1

 

Наслов на договорот: Градежни работи за реконструкција на спортска сала во Крушево

Референтен бр.: LRCP-1/17-SG-1-NCB/2

 

Вицепремиерот Анѓушев: За првпат се креирани мерки за поддршка на транспарентни основи и со исти критериуми за сите компании

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев на денешната прес конференција во Владата се осврна на сите прашања во врска со начинот и постапката на доделување на државна поддршка на македонски компании преку мерките од Планот за економски раст, во насока на транспарентно и целосно информирање на јавноста за процедурите.

Вицепремиерот нагласи дека за првпат во историјата на Република Македонија, со мерките од Планот за екномски раст, се овозможува поддршка на македонските компании, поставена на транспарентни основи, со фер и исти критериуми за сите фирми. Тој истакна дека овој процес заслужува шанса и дека во таа насока почитувајќи ја сензитивноста на јавноста, ќе влијае компаниите во коишто тој е мнозински акционер да не ги користат мерките за поддршка од Планот за економски раст.

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ

 

Република Македонија

 

ПРОЕКТ ЗА ЛОКАЛНА И РЕГИОНАЛНА КОНКУРЕНТНОСТ

Потпроект:Туристички центар Вевчани – Еден центар еден туристички производ

Потпроект бр: LRCP-1/17-SG-2

 

Наслов на договорот: Градежни работи за реконструкција, адаптација и пренамена на објект во туристички центар во Вевчани

Референтен бр.: LRCP-1/17-SG-2-NCB/1

 

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS