Промоција на јавен повик за доделување на грантови за локална и регионална конкурентност

Во 11:00 часот, во медиа центарот на Владата на Република Македонија, вицепремиерот Кочо Анѓушев, раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија Никола Бертолини и директорот на канцеларијата на Светска Банка Марко Мантованели, ќе одржат прес конференција, во врска со промоција на јавен повик за доделување на грантови од Проектот за локална и регионална конкурентност. По прес конференцијата во Свечената сала на Владата ќе се одржи трибина на истата тема и медиумите ќе имаат можност да снимат кадри од почетокот на трибината.

Свечено отворање на Самитот на мали земји

Во 10:00 часот, во клиниката „Жан Митрев“, вицепремиерот Анѓушев ќе се обрати на свеченото отворање на „Самитот на мали земји – нови трендови во бизнисот“, во организација на Стопанската комора на Македонија;

Мерките од планот за економски раст претставени пред Белгиските бизнисмени – Анѓушев: Значителна поддршка за нови странски и домашни инвестиции

14 март, 2018 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев е во дводневна службена посета на Кралството Белгија, а на првиот ден од посетата, во Антверпен учествуваше на тркалезна маса во организација на стопанската комора ВОКА (Voka - Kamer van Koophandel Antwerpen Waasland), кадешто пред двесетина претставници на белгиски компании ги презентираше можностите за инвестирање во Република Македонија

Посета на вицепремиерот Анѓушев на Кралството Белгија

Ве информираме дека на 13 и 14 март 2018 година, д-р Кочо Анѓушев, Заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе оствари службена посета на Кралството Белгија.

За време на посетата вицепремиерот Анѓушев ќе учествува на тркалезна маса во организација на стопанската комора ВОКА (Voka - Kamer van Koophandel Antwerpen Waasland) во Антверпен, а ќе оствари и средба во Брисел со заменик претседателот на Владата и министер за економија и вработувања на Кралството Белгија, г-дин Крис Петерс.

Голем интерес за мерките од планот за еконосмки раст во Куманово – Анѓушев: Владата дава поддршка за развој на компаниите во Куманово и во цела Македонија

10 март, 2018 година

Седумдесетина компании од Куманово и кумановската околина присуствуваа на денешната трибина, која се одржа во Занаетчискиот дом, а на која беа презентирани мерките од Планот за економски раст.

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS