Учество на вицепремиерот Анѓушев на дебата на Економски факултет

Ве информираме дека Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, во 12:00 часот на 21-ви мај 2018 година, ќе учествува на официјалното започнување на јавната дебата „Економски разговори-јавните финансии на крстопат“, која ќе се одржи на Економскиот факултет во Скопје (Амфитеатар 2).

Покануваме претставници на медиумите да го проследат отворањето на дебатата и обраќањето на вицепремиерот Анѓушев.

Учество на вицепремиерот Анѓушев на активности во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан

Ве информираме дека Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев на 17-ти и 18-ти мај ќе оствари службена посета во Република Бугарија каде што ќе учествува на дел од активностите во рамките на самитот ЕУ-Западен Балкан.

На 17-ти мај во попладневните часови вицепремиерот Анѓушев, ќе учествува на настан во организација на Светскиот економски форум, додека на 18-ти мај во утринските часови ќе учествува на „Виенскиот економски форум“, настани кои ќе се одржуваат во Националниот дворец на културата во Софија.

„Презентација на работата на Кончар во Македонија“

Ве информираме дека на 10 мај 2018 година (четврток), Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев ќе присуствува и ќе се обрати на два настани.

Со почеток од 10:00 часот во хотел Холидеј Ин, вицепремиерот Анѓушев ќе присуствува и ќе се обрати на настан, „Презентација на работата на Кончар во Македонија“, додека со почеток од 11:00 часот вицепремиерот ќе присуствува на годишното собрание на Македонско – бугарската стопанска комора во хотелот Парк резиденс.

Дваесетта седница на Советот за рамномерен регионален развој 9 Мај 2018 година

Ве информираме дека на 9 мај 2018 година (среда), во Свечената сала на Владата на Република Македонија ќе се одржи дваесеттата седница на Советот за рамномерен регионален развој.

Покануваме претставници на медиумите во 10:45 да снимат инсерти од Седницатa во Свечената сала, a потоа околу 11:00 часот да земат изјави од вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

Посета на вицепремиерот Анѓушев во Тетово и средба со членки на Стопанска комора на Северозападна Македонија

Почитувани,

Ве информираме дека на 7 мај 2018 година (понеделник), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе оствари работна посета во Тетово.

Најпрво, околу 12:00 часот, вицепремиерот ќе посети еден од производствените погони на компанијата Пофикс, кадешто ќе оствари средба со сопствениците на компанијата и ќе има можност за изјава за медиумите.

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS