Вицепремиерот Анѓушев се сретна со синдикатот на Велешка Колска – Владата ќе работи да најде трајно решение за надминување на проблемите на фабриката

11 септември, 2017 година

Заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев оствари средба со претставниците на синдикатот на вработените во Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес.

Вицепремиерот Анѓушев ги ислуша барањата на вработените од Колска и ги увери дека Владата ќе работи да го надмине проблемот, а вработените да ги добијат своите примања. 

„Проблемите на вработените во Фабриката за шински возила Колска не се од вчера, вусшност овие проблеми се со подолг рок и се влечат веќе со години. Владата ќе го реши проблемот и вработените ќе добијат плата. Но во исто време целта на  Владата е да се најде трајно и системско решение, со кое фабриката ќе има работа, а вработените навремено ќе ги добиваат своите примања, како и социјално и зравствено осигурување“, потенцираше вицепремиерот.

English
АКТУЕЛНОСТИ: