Вицепремиерот Анѓушев на свеченото отворање на CEED Hub – Владата силно ќе ги поддржи микро, малите и средни претпријатија

29 јануари, 2018 година

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија д-р Кочо Анѓушев присуствуваше на свеченото отворање на новите простории на Бизнис Центарот за претприемништво и извршен развој (CEED Hub).

Новите простории на центарот се отворени со средствата кои се обезедени во рамки на „Проектот за мали и средни претпријатија“ на USAID, спроведуван од CEED Macedonia, a со поддршка од Швајцарската амбасада.

Преку овој проект, кој е со вредност од 3,1 милиони долари, во изминатите шест години овозможена е поддршка за околу 650 претприемачи, креирани се околу 350 нови работни места, воведени се нови практики во 140 компании и обезбедени разновидни услуги за развој на бизнисот за околу 400 корисници на проектот.

Вицепремиерот Анѓушев за време на своето излагање истакна дека Владата за Програмата за економски развој за 2018 година има детерминирано 46% повеќе средства во однос на 2017 година.

„Над 98% од вкупниот број на компании се мали и средни претпријатија и токму затоа Владата беше посветена во својата економска програма да детерминира што е можно повеќе средства и да креира мерки кои ќе бидат имплементирани преку Фондот за технолошки развој и иновации и да им помогне на старт ап  и малите и средните претпријатија“, истакна вицепремиерот Анѓушев.

Владата креираше конкретни мерки за поддршка на малите и средни претпријатија и за поддршка на претприемништвото, особено за младите лица коишто треба да бидат поддржани во остварувае на своите бизнис идеи.

„Освен поддршката преку таканаречените меки мерки, односно за покривање на трошоци за едукација и обуки, Владата ќе ги поддржи старт ап  и малите компании со директна финансиска помош.  Малите и средни претпријатија ќе бидат поддржани со 30% поврат на инвестициите за основните средства за извршување на дејноста, а ќе се овозможи 70% поврат на инвестиција за компании кои ќе воведуваат иновации и ќе креираат нови производи. На Фондот за иновации доделени се значителни средства за формирање на фонд за ризичен капитал, со кој ќе овозможи пристап до средства за малите и средни компании“, потенцираше потпретседателот на Владата Анѓушев.

Видео од обраќањето на вицепремиерот Анѓушев:

 

АКТУЕЛНОСТИ: