Подготвен е Нацрт текстот на Законот за финансиска поддршка на инвестиции

 

Владата на Република Македонија, во својата програма за работа 2017-2020,  како врвен приоритет го дефинира креирањето на нова економска и индустриска политика, односно поддршка на стопанството. Во таа насока, во декември 2017 година, промовиран е „Планот за економски раст“, кој е сет на мерки со кои на транспарентен начин, под исти услови и со јасно дефинирани критериуми се овозможува финаиска поддршка од страна на Владата за стимулирање на нови инвестиции, отворање на нови работни места, повисоки плати за работниците, зголемување на конкуретноста, поддршка на иновациите како и технолошкиот развој на компаниите.

За спроведување на мерките од првиот и вториот столб од „Планот за економски раст“, подготвен е Нацрт текстот на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кој е правна рамка во која се предвидени критериумите, постапката за доделување иисплата на финансска поддршка кон компаниите кои ќе ги задоволат поставените услови.

Посебните мерки за поддршка на микро, мали и средни претпријатија ќе бидат операционализирани преку Програмата за спроведување на Стратегијата за иновации на Република Македонија 2012 – 2020 година, за чие спроведување ќе биде надлежен Фондот за иновации и технолошки развој и со која се обезбедува посебна подршка и за овие компании.

Со донесувањето на Програмата се овозможува имплементација на следните мерки од третиот столб на Планот за економски раст:

3.1 Поддршка на МСП со тенденција на брз пораст („ГАЗЕЛИ“);
3.2 Дополнителна финансиска поддршка на микро и мали претпријатија;
3.3 Поддршка на МСП за подобрување на иновативноста;
3.4 Поддршка за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица;
3.5 Создавање на амбиент и изработка на законски основи за развој на „ризичен капитал“.

Ве известуваме дека Нацрт текстот на Законот за финаниска поддршка на инвестициите од 15 февруари 2018 година (четврток), ќе биде достапен за коментирање на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР), а доколку имате коментари за нацрт текстот и сакате директно да ги доставите до надлежните, освен на ЕНЕР, може да доставите порака и до следните е-адреси: blerim.zllatku@economy.gov.mk; jasmina.majstoroska@economy.gov.mk и sofche.jovanovska@gs.gov.mk .

За да пристапите до електронската верзија на Нацрт текстот на Законот за финансиска поддршка на инвестициите кликнете на овој линк.

 

АКТУЕЛНОСТИ: