Премиерот Заев и владината делегација се сретна со Претседателот на ЕБОР: 86 милиони евра за патна инфраструктура во Македонија

27 февруари, 2018 година

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и членовите на владината делегација во состав Заменик претседател на владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори д-р Кочо Анѓушев, Заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, Министерот за финансии Драган Тевдовски и Министерот за економија Крешник Бектеши, остварија средба со претседателот на Европската банка за обнова и развој Сума Чакрабарти во рамките на Инвестицискиот самит за Западен Балкан во организација на ЕБОР.

На средбата му претходеше потпишувањето на договорот за користење на 86 милиони евра, како втора транша од заемот од вкупно 181 милиони евра од ЕБОР за подобрување на македонската патна инфраструктура, што го потпишаа министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

На средбата на која присуствуваше и тимот директори на ЕБОР за Република Македонија и за регионот, се разгледаа и другите можности за продолжување и продлабочување на соработката со банката за финансиска поддршка на инфраструктурното поврзување на земјата и регионот преку конкретни проекти.

АКТУЕЛНОСТИ: