Повик за искажување интерес

ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ ИНТЕРЕС

за Проект за воспоставување на Систем за координација во планирањето, спроведувањето, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој (СиРеРа)

 

Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори и Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија преку Швајцарската агенција за соработка и развој, спроведуваат проект во рамки на програмата за Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој во Македонија.

СиРеРа Проектот е во потрага по експерти кои се заинтересирани да бидат дел од Проектна единица за спроведување на проектот (ПЕСП) која се очекува да започне со работа во април 2018 година и ќе трае до декември 2020 година. КЗПВРМЕП го објавува овој повик за искажување интерес за експерти за клучни позиции во ПЕСП кои ќе бидат ангажирани штом се заврши процедурата за селекција на членовите на ПЕСП и се создадат соодветни технички услови за работа.

Кандидатите се очекува да бидат со соодветни познавања и да ги задоволуваат критериумите посочени подолу соодветно за секоја позиција. ПЕСП ќе ја сочинуваат локални краткорочни и долгорочни експерти кои ќе бидат одговорни пред Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања.

ПЕСП ќе ја сочинуваат 8 локални краткорочни и долгорочни експерти, и тоа:

  1. Проектен (систем) менаџер (Project (System) Manager)
  2. Проектен асистент (Раководител на канцеларија) и Специјалист за комуникација (Project Assistant / Communication Specialist)
  3. Специјалист за финансии (Financial Specialist)
  4. Експерт за регионална политика (Regional Policy Expert)
  5. Експерт за менаџмент на организации и програми (Organization and Programme Managament Expert)
  6. Технички менаџер/ Системски инжинер (Technical Manager / System Engineer)
  7. Експерт за соработка и споделување на податоци (File Sharing & Collaboration Expert)
  8. Експерт за  менаџмент со безбедност на информации (Information Security Management Expert)

Освен релевантното искуство наведено во критериумите подолу, селектираните кандидати треба да ги поседуваат и следните компетенции: универзитетска диплома во соодветната област, целосно познавање на работата со комјутери, одлични способности за изразување (писмено и усно) првенствено на македонски, но исто така и на англиски јазик, солидни вештини за истражување и анализа, солидни вештини за преговарање, држење презентација и тренинг, соодветни вештини за менаџирање со луѓе, информации, време и ресурси, способност за работа со кратки рокови и висока комплексност, и над се посветеност и пасија за промени во општеството кои ќе придонесат за подобар развој на сите делови во Македонија.

Доколку сметате дека ги задоволувате соодветните квалификации и искуство, ве молимве доставете ваша Професионлан биографија и Писмо за интерес, со јасна назнака за која позиција аплицирате на следната е-маил адреса: Sirera@gs.gov.mk. Повикот ќе биде отворен 10 работни дена, почнувајќи од 3ти април 2018 година. Последен рок за доставување апликации е 18ти април 2018 година, локално време.

За повеќе детали за проектот и за задачите и обрвските на секој член на ПЕСП, како и специфичните критериуми за селекција за секоја позиција, Ве молиме прочитајте го делот приложен во продолжение.

Историјат на проектот

Проектот за воспоставување на Систем за координација во планирањето, спроведувањето, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој (СиРеРа) потекнува од целите на Владата за развој на сите региони во Република Македонија и со тоа обезбедување подобри услови за живот за сите граѓани.

Во ноември 2017 година Владата на Република Македонија претставувана од Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и Министерот за локална самоуправа потпишаа Меморандум за разбирање со Владата на Швајцарија. Меморандумот е со времетраење од 4 години (2017-2020) и опфаќа активности во врска со „Програмата за одржлив и инклузивен регионален регионален развој во Македонија“.

Подетално, опфатот на Меморандум за разбирање во поглед на активностите е структуиран во три компоненти насочени кон остварување на специфични цели и тоа:

  • Компонента 1: Владата алоцира и спроведување фондови за рамномерен регионален развој транспарентен и предвидлив начин согласно степенот на развој на планските региони.
  • Компонента 2: Потребите и барањата на граѓаните, вклучително и на ранливите категории граѓани, се систематски вклучени од Регионалните совети во процесот на планирање на регионалниот развој.
  • Компонента 3: Центрите за регионален развој во сите осум плански региони, посебно во помалку развиените, ја подорбуваат совјата ефективност и ефикасност.

Согласно Меморандумот за разбирање, за реализација на компонента 1 е надлежен Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, додека пак за реализација на компонента 2 и 3 е надлежно Министерството за локална самоуправа.

Во насока на спроведување на активности од компонента 1, во декември 2017 година, Владата на Република Македонија претставувана од Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори потпиша Договор за спроведување на проект во рамки на Програмата за одржлив и инклузивен регионален регионален развој во Македонија (Проектен договор). Проектниот договор е со период на времетраење соодветен со периодот на времетраење на Меморандумот за разбирање (2017-2020).

Поконкретно, во поглед на проектните активности, Проектниот договор вклучува реализација на следните планирани активности:

  1. Воспоставување на ИТ-базиран систем за следење на спроведувањето на националните фондови за рамномерен регионален развој.
    1. Воспоставување на единица за спроведување на проектот (ЕСП).
      1. Управување со проекти - координација на ЕСП и системска интеграција.
      2. Усогласување на регионалната политика со другите секторски политики.
      3. Техничко управување со воспоставувањето на системот.
    2. Набавка на системски интегратор и лиценци за првата фаза на имплементација (национално ниво).
      1. Набавка на софтвер и лиценци.
      2. Интеграција на Системот за регионална политика.
  2. Зголемување на транспарентноста во врска со распределбата на буџетот за регионален развој.
    1. Дизајн, поставување и управување со веб-страница.
    2. Подигнување на свеста преку медиуми и печатени материјали.
  3. Зголемување на кaпацитетите на засегнатите страни.
    1. Организирање обуки за систем администратори (ресорните министерства, центри за регионален развој, општини).
    2. Анализа на резултатите од Системот и следење на мерките за понатамошно подобрување на буџетската распределба според нивото на развој на планските региони (тркалезни маси).
    3. Зајакнување на Техничката група на националниот Совет за рамномерен регионален развој за подобрување на меѓуминистерската соработка.
      1. Серија работилници за заедничко планирање на политиката за регионален развој вклучувајќи годишно заедничко планирање и усогласување на програмите за регионален развој и годишни работилници за споделување резултати.
      2. Тематско патување за трансфер на знаење.

Опис на СиРеРа

 

Реализирани и планирани активности

Во 2014 година беше развиена Физибилити студија за воспоставување на „Систем за подобрување на координацијата во планирањето, спроведувањето, следењето и оценувањето на политиката за рамномерен регионален развој во Македонија“.

Во периодот 2015-2016 година се спроведуваше подготвителна фаза (inception phase) која резултираше со развивање на Оперативни сценарија за сите системски компоненти согласно Физибилити Студијата односно човечки ресурси, документи, програми и финансиски алокации во областа регионален развој.

Во периодот 2018-2020 година се планира спроведување на првата фаза, односно воспоставувањето на системот на национално ниво, а додека во периодот 2020-2022 се планира проширување на системот и на локално (општинско) ниво.

 

Цел и придобивки на Системот

Бенефитите кои Системот ќе ги обезбеди се многубројни и истите ќе придонесат кон поефикасно спроведување на политиките за рамномерен регионален развој во државата, односно обезбедување економски раст и поквалитетен живот на целата територија на Република Македонија.

Како главни придобивки кои ќе ги обезбеди Системот се издвојуваат:

  • Подобрување на координацијата и комуникацијата помеѓу институции одговорни за спроведување програми со регионален карактер.
  • Ефикасност во спроведување на програмите и деловите од програмите со кои се алоцирани средства за регионален развој (секторски програми од повеќе области).
  • Подобрување на статистичкото следење на развојот на планските региони и обезбедување податоци за подобро носење одлуки од страна на Советот за рамномерен регионален развој, но и воопшто одлуки од областа на регионалниот и економскиот развој.
  • Подобрување на капацитетот за креирање, следење и спроведување на програми и проекти со регионален аспект.
  • Воспоставување ефикасен механизам за мониторинг и евалуација на степенот на развиеност на планските региони, влијанието на програмите и ефикасноста и ефективноста на спроведувањето на проекти.

Структура на системот

Системот (ИКТ платформа) се предвидува да служи како алатка на Советот за рамномерен регионален развој на Република Македонија и истиот е структуриран  да опфати  4 компоненти и 4 поткомпоненти, и тоа:

  1. Систематизирани податоци за сите планско- развојни документи релевантни за регионалниот развој (актуелни и стари во архива) на национално, регионално и локално ниво.

1.а) Систем за целосно управување со проекти и документи за рамномерен регионален развој.

  1. База на податоци со вработени професионалци во органите на државната и локалната администрација

2.а) Систем за континуирано градење на капацитети на институции (обуки) вклучени во процесот на обезбедување на услови и поттикнување на развојот на сите нивоа- национално, регионално и локално.

  1. База на податоци за надворешни професионалци (експерти и стручни соработници) кои се вклучени или можат да бидат вклучени во поддршка на активностите за рамномерен регионален развој, со цел континуитет во ангажманот на надворешна експертска поддршка.
  2. Финансиска матрица за обезбедување на рамномерност во распределбата на средствата која ќе обезбеди поврзување на развојните програми во линиските министерства/агенции со извори на финансирање и обезбедување преглед на програми со развоен карактер, висината на средствата планирани, резервирани, одобрени и исплатени средства во рамки на тие програми од централниот буџет, буџетите на општините, донации, кредити и др.

4.а) Статистичко следење на состојбата во планските региони и континуирана подготовка на преглед на степенот на развиеност на планските региони.

4.б) Статистичко следење на состојба со подготвени проекти (project in pipeline) од страна на општините, регионите, министерствата и други државни органи кои можат да бидат понудени за финансирање и реализација од страна на донатори/кредитори.

Членови на Проектната единица за спроведување на проектот СиРеРа

 

  1. ПРОЕКТЕН (СИСТЕМ) МЕНАЏЕР (PROJECT (SYSTEM) MANAGER)

 

  1. Цел на ангажманот и опфат на услугите/ задачите

Проектниот менаџер ќе биде надлежен за целокупното управување со проектот, координација на членовите на Проектната единица, како и реализација на активностите посочени подолу во оваа точка.

Проектниот менаџер треба да осигура дека сите активности финансирани во рамки на СиРеРа проектот се реализираат согласно Проектниот Договор. Проектниот менаџер треба да обезбеди навремено и ефикасно реализирање на активностите, соодветен менаџмент на човечките, финансиските и техничките ресурси. Проектниот менаџер, е одговорен пред Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација на економските ресори.

Поконкретно, одговорностите и задачите на проектниот менаџер се следни:

  • Го планира проектот преку соодветно изработен Проектен менаџмент план.
  • Развива и помага во развојот на главниот проектен распоред и сите други проектни работни планови.
  • Осигурува дека испораките и функционалностите се постигнуваат како што е дефинирано со проектните планови.
  • Овозможува водство и поддршка на техничкиот кадар кој е доделен на проектот за цело време на проектниот животен циклус.
  • Одговорен е за развој, одржување и придржување за инфраструктурата на Проектната канцеларија и за документацијата за поддршка (процеси, процедури, стандарди и шаблони) кои се во согласност со најдобри практики и политики.
  • Управува со спроведувањето на СиРеРа проектот и осигурува дека проектните активности се во согласност со проектните насоки како што е наведено во одобрените проектни документи.
  • Управува со буџетот и трошоците на проектот во тесна соработка со Кабинетот на Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори.
  • Управува со процесот на набавка за осигурување на потребните изведувачи на СиРеРа системот.
  • Информира за статусот на проектот СиРеРа со внатрешните и надворешните заинтересирани страни, согласно потребата.
  • Проценува ефективност на процеси и информира за потребата од дополнителни ресурси за имплементација доколку е потребно.
  • Управува со проектната документација и помага во активности за поддршка на  административните услуги.
  • Одржува, управува, следи, надградува и извршува процеси како што е дефинирано во Проектниот менаџмент план.
  • Извршува активности на Проектен распоред:
    • Координира и управува влезови на проектниот план – го следи напредокот во однос на проектниот распоред.
    • Поврзува и идентификува зависности и ризици во проектниот распоред.
    • Следи напредок на распоредите на изведувачите и на другите учесници.
  • Информира за ризици или прашања со особен ризик до Кабинетот на Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори.
  • Осигурува ублажување на ризикот и спроедување на планот за непредвидени ситуации.
  • Извршува активности за Управување со ризик:
    • Олеснува идентификување, управување и следење на ризици и ублажување на ризици / непредвидливости за проектот.
    • Следи напори за управување со ризик за осигурување дека нема негативно да влијаат на проектот.
    • Одржува алатка за управување со ризици и за информации со документација.
    • Води сесии за идентификација на ризици за проектот.
    • Учествува во активности за управување со ризик на високо ниво за ризици кои ги поминуваат проектните граници или се надвор од контрола на проектот.

 

        2.Професионални квалификации/ искуство

 

  • Факултетска диплома од областа на информатички или технички науки
  • Најмалку 10 години работно искуство во областа на информатички технологии
  • Најмалку 5 години работно искуство како проектен менаџер
  • Најмалку 3 години работно искуство на проекти или активности на национално, регионално или локално ниво
  • Одлични познавања на Македонски и Англиски јазик

 

        3.Услови за работа и времетраење

Проекниот менаџер ќе биде одговорен за воспоставување на Проектната единица за спроведување на проектот, обезбедување просторни услови во Скопје, каде ќе биде стациониран. Како и да е, согласно потребите Проектниот менаџер ќе треба да одржува состаноци и надвор од работните простории, и да посетува институции на територијата на цела држава.

Иницијално, Договорот за ангажман на Проектниот директор е предвиден како долгорочен договор, за период од 550 дена за време на три години 2018-2020 година. Ангажманот може да биде продолжен согласно потребите за реализација на целите на Проектот СиРеРа, во зависност од финалната евалуација на проектот, како и согласно извештаите за реализација на проектните активности.

 

  1. ПРОЕКТЕН АСИСТЕН (РАКОВОДИТЕЛ НА КАНЦЕЛАРИЈА) И СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОМУНИКАЦИЈА (PROJECT ASSISTANT / COMMUNICATION SPECIALIST)

 

  1. Цел на ангажманот и опфат на услугите/ задачите

Проектниот асистен има улога на раководител на проектната канцеларија и ќе биде ангажиран за потребите на административно, техничко- логистичко водење на проектот. Ќе соработува на дневна основа со Проектниот менаџер и ќе биде во комуникација со останатите ангажирани лица со цел обезбедување ефикасно извршување на административните и техничките постапки во рамки на проектните активности.

Проектниот асистент ќе има надлежност и за соодветно комуницирање на проектните цели, активности и резултати со партнерите, заинтересираните страни и јавноста. Ова подразбира изработка на план за комуникација вклучително и активности за визибилност на проектот и градење и јакнење на свеста за истиот.

Поконкретно, одговорностите и задачите на проектниот асистент/ специјалист за комуникација се следни:

  • Планира и координира различни административни канцелариски активности.
  • Ефективно се справува со активностите со цел навремен одговор на дојдовни барања (преку телефон или имејл) и дава насоки и инструкции на кадарот во однос на административни прашања.
  • Соработува со Проектниот менаџерот за осигурување на континуирано извршување на проектните активности за време на процесот на промени за усогласување на луѓе, процеси и институции.
  • Одговорен за режирање на одржување и управување со СиРеРа проектот и проектната библиотека преку Кориснички портал.
  • Одговорен за развој и имплементација на План за комуникација со надворешни чинители и во оваа насока соработува со Проектниот менаџерот во развој и следење на План за комуникаија со надворешни чинители.
  • Одговорен за спроведување на планот за визибилност и промоција на проектот.
  • Ја прегледува целата излезна комуникација и подготвува одговори на барања за рутински информации.
  • Одговорен за планирање и управување на сите стратегии за внатрешна и надворешна комуникација потребна за поддршка и одржување на проектните активности за СиРеРа проектната канцеларија. Пренесува идеи, факти и значајни пресвртници преку презентации и други методи за ширење на информации до засегнатите страни, министерства и агенции, здруженија и меѓународни организации.
  • Соработува со тимот на добавувачот на решението за проценка на барањата за обука, предлага решенија за обука, развива курикулум за обука, и имплементира и извршува обуки согласно потребите.
  • Согласно потребите спроведува активности со цел обезбедување превод на потребните содржини на англиски јазик и помага во спроведувањето на Планот за комуникација со надворешните чинители.
  • Спроведува активности со цел управување со содржините на проектната интранет страна www.sirera.mk, како и со содржините на соодветната јавно достапната веб страна за рамномерен регионален развој.

 

       2.Професионални квалификации/ искуство

 

  • Факултетска диплома од областа на општествените науки, административно работење или менаџмент
  • Најмалку 5 години работно искуство во областа на управување со проекти
  • Најмалку 3 години работно искуство поврзано со административно работење
  • Искуство во најмалку 1 проект поврзани активности  на национално, регионално или локално ниво
  • Одлични познавања на Македонски и Англиски јазик

 

       3.Услови за работа и времетраење

Проекниот асистенст/ специјалист за комуникација ќе биде одговорен за административно водење на Проектната единица за спроведување на проектот. Проектниот асистент ќе се грижи за нормално и навремено спроведување на проектните активности од административен карактер, согласно тоа ќе биде лоциран во канцеларијата на Проектната единица во Скопје. Како и да е, согласно потребите ќе треба да присуствува на состаноци и надвор од работните простории, и да учествува на состаноците при посета на институции на територијата на цела држава.

Иницијално, Договорот за ангажман на Проектниот асистен / Специјалист за комуникација е предвиден како долгорочен договор, за период од 550 дена за време на три години 2018-2020 година. Ангажманот може да биде продолжен согласно потребите за реализација на целите на Проектот СиРеРа, во зависност од финалната евалуација на проектот, како и согласно извештаите за реализација на проектните активности.

 

  1. СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ФИНАНСИИ (FINANCIAL SPECIALIST)

 

  1. Цел на ангажманот и опфат на услугите/ задачите

Специјалистот за финансиски прашања, тесно ќе соработува со експерот за регионална политика и експертот за менаџмент на организации и програми. Специјалистот за финансии ќе биде надлежен за финансиски прашања при спроведување на проектните активности. Ангажманот опфаќа од една страна експертска поддршка на процесот на анализа на финансиското и буџетското работење на државните институции опфатени со проектот, и од друга страна финансиско и сметководствено работење на проектот, вклучително и реализација на планот за набавки за воспоставување на системот СиРеРа.

Поконкретно, одговорностите и задачите на специјалистот за финансии се следни:

  • Управува со активности за извршување на буџетот на проектот (пратење на фондови, одобрување на набавки, итн.).
  • Прави детални прегледи на сите финансиски деловни практики, процеси и методи за поддршка за СиРеРа проектната канцеларија на тековна основа.
  • Планира, развива и воспоставува стратегија за набавки и договори за целиот СиРеРа систем.
  • Учествува во извршување на финансиска ревизија на проектот.
  • Работи со Систем менаџерот на СиРеРа договорите и оператвиностите за извршување и дава повратни информации за прашања, можности и алтернативи за поддршка на одлуки и прави препораки за Координаторот на проектот и за Проект менаџерот.
  • Анализира текови на финансиски средства на буџетски корисници и дава препораки во врска со нивно поврзување и следење преку СиРеРа системот.
  • Остварува контакти со заинтересирани страни, истражува финансиски сегменти и соодветно го поддржува воспоставувањето на СиРеРа системот, особено во поглед на компонентите на системот поврзани со следење на буџетските средства.

 

       2.Професионални квалификации/ искуство

 

  • Факултетско образование од областа на финансиите, економијата и сродни науки
  • Најмалку 5 години работно искуство во областа на финансиски прашања, набавки, сметководство
  • Најмалку 3 години работно искуство во областа финансии или јавни набавки на проекти на национално, регионално или локално ниво
  • Искуство во најмалку 1 проект поврзан со анализа на финансиски текови, буџетски средства на програми или стратегии на буџетски корисници
  • Одлични познавања на Македонски и Англиски јазик

 

           3.Услови за работа и времетраење

Специјалистот за финансиски прашања ќе биде одговорен за финансиско водење на Проектната единица за спроведување на проектот. Ќе се грижи за навремено спроведување на проектните активности предвидени во планот за јавни набавки. Согласно потребите за набавки, предвидено е времено ангажирање на финансискиот специјалист. За времето кога ќе биде ангажиран, специјалистот за финансиски прашања ќе биде лоциран во Проектната канцеларија во Скопје. Како и да е, согласно потребите за анализа на финансиските текови и буџетските процеси ќе треба да присуствува на состаноци и надвор од работните простории, и да учествува на состаноците при посета на институции на територијата на цела држава.

Иницијално, Договорот за ангажман на Специјалист за финансии е предвиден како краткорочен договор, за период од 210 дена за време на три години 2018-2020 година. Ангажманот може да биде продолжен согласно потребите за реализација на целите на Проектот СиРеРа, во зависност од финалната евалуација на проектот, како и согласно извештаите за реализација на проектните активности.

 

  1. ЕКСПЕРТ ЗА РЕГИОНАЛНА ПОЛИТИКА (REGIONAL POLICY EXPERT)

 

  1. Цел на ангажманот и опфат на услугите/ задачите

Експерот за регионална политика, тесно ќе соработува со специјалистот за финансиски прашања и експертот за менаџмент на организации и програми. Експертот за регионална политика ќе биде надлежен за прашања поврзани со стратешки и политички аспекти на политиката за регионален развој. Генерално овој член на Проектната единица ќе има за задача соодветно и законски да ги вклопи програмите со регионален развој карактер кои се финансирани од Буџетот на Република Македонија или од донатори и други основи, во СиРеРа системот, вклучителни и дизајн, тестни сценарија и слично, со цел нивно следење, анализа, оценување, ефикасно спроведување и помош при подготовка на материјали поврзани со истите.

Поконкретно, одговорностите и задачите на експертот за регионална политика се следни:

  • Осигурува дека карактеристиките на дизајнот на решението одговараат на одобрените деловни карактерситики на системот во поглед на стратегии, програми и буџети.
  • Го насочува влезот за дизајн и функционалност на институцијата корисник кон унифицираните процеси.
  • Носи одлуки за дизајн за одредени институции кои не можат да обезбедат кадар во дадена област од проектот во насока на непречено функционирање на системот.
  • Соработува директно со изведувачите за да осигура дека техничките обврски ги задоволуваат сите цели и очекувања за системот СиРеРа.
  • Го координара учеството на институциите при развој и пречистување на деловни карактеристики на системот.
  • Спроведува обуки и се грижи корисниците на системот СиРеРа да располагаат со соодветно знаење и вештини за користење и работа со системот.
  • Организира и/или учествува на сесии за помош на институции, при разјаснување на барањата за давање насоки за дизајн и за функционален влез за воспоставување на унифицирани процеси.
  • Носи одлуки кои се однесуваат на функционагна примена на СиРеРа во институциите.
  • Развива тестен случај: води и извршува тестирање за корисничко прифаќање заедно со доделените институции.
  • Ги комуницира деловните процеси и правила со Деловниот аналитичар на добавувачот на решението.

 

       2.Професионални квалификации/ искуство

 

  • Факултетско образование од општествени, економски, технички или информатички науки
  • Најмалку 5 години работно искуство во областа на рамномерен регионален развој
  • Најмалку 3 години работно искуство во активности поврзани со воспоставување на ИТ базирани алатки/системи за следење на реализација на стратегии или програми
  • Искуство во најмалку 1 проект поврзан со анализа буџети на програми или стратегии
  • Одлични познавања на Македонски и Англиски јазик

 

 

        3.Услови за работа и времетраење

Експертот за регионална политика ќе биде одговорен за прашања поврзани со регионалниот развој во рамки на Проектот СиРеРа. Активностите опфаќаат ангажирање во процесот на поврзување на програмите/ стратегиите на институциите кои спроведуваат активности за регионален развој. Исто така, овој експерт ќе биде одговорен за обезбедување соодветно знаење кај корисниците на системот СиРеРа за непречено и ефикасно функционирање на системот. За времето кога ќе биде ангажиран, експертот за регионална политика ќе биде лоциран во Проектната канцеларија во Скопје. Како и да е, согласно потребите ќе треба да организира состаноци/обуки и да присуствува на состаноци и надвор од работните простории.

Иницијално, Договорот за ангажман на Експертот за регионална политика е предвиден како краткорочен договор, за период од 210 дена за време на три години 2018-2020 година. Ангажманот може да биде продолжен согласно потребите за реализација на целите на Проектот СиРеРа, во зависност од финалната евалуација на проектот, како и согласно извештаите за реализација на проектните активности.

 

  1. ЕКСПЕРТ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ОРГАНИЗАЦИИ И ПРОГРАМИ (ORGANIZATION AND PROGRAMME MANAGAMENT EXPERT)

 

  1. Цел на ангажманот и опфат на услугите/ задачите

Експерот за менаџмент на организации и програми, тесно ќе соработува со специјалистот за финансиски прашања и експертот за регионална политика. Експертот за менаџмент на организации и програми ќе биде надлежен за прашања поврзани со организациски и програмски аспекти на политиката за регионален развој. Генерално овој член на Проектната единица ќе има за задача соодветно и законски да ги вклопи програмите со регионален развој карактер кои се финансирани од Буџетот на Република Македонија или од донатори и други основи, во СиРеРа системот, вклучителни и дизајн, тестни сценарија и слично, со цел нивно следење, анализа, оценување, ефикасно спроведување и помош при подготовка на материјали поврзани со истите.

Поконкретно, одговорностите и задачите на експертот за менаџмент на организации и програмисе следни:

  • Осигурува дека карактеристиките на дизајнот на решението одговараат на одобрените деловни карактерситики на системот во поглед на институции и нивните надлежности.
  • Го насочува влезот за дизајн и функционалност на институцијата корисник кон унифицираните процеси.
  • Носи одлуки за дизајн за одредени институции кои не можат да обезбедат кадар во дадена област од проектот во насока на непречено функционирање на системот.
  • Соработува директно со изведувачите за да осигура дека техничките обврски ги задоволуваат сите цели и очекувања од институционален аспект.
  • Го координара учеството на институциите при развој и пречистување на деловни карактеристики на системот.
  • Спроведува обуки и се грижи корисниците на системот СиРеРа да располагаат со соодветно водство и посветеност, како и носење на навремени одлуки во процесот на воспоставување на системот.
  • Организира и/или учествува на сесии за помош на институции, при разјаснување на барањата за давање насоки за дизајн и за функционален влез за воспоставување на унифицирани процеси.
  • Носи одлуки кои се однесуваат на функционагна примена на СиРеРа во институциите.
  • Развива тестен случај: води и извршува тестирање за корисничко прифаќање заедно со доделените институции.
  • Ги комуницира деловните процеси и правила со Деловниот аналитичар на добавувачот на решението.

 

       2.Професионални квалификации/ искуство

 

  • Факултетско образование од општествени, економски, технички или информатички науки
  • Најмалку 5 години работно искуство во областа на организациско работење на институции
  • Најмалку 3 години работно искуство во активности поврзани со воспоставување на ИТ базирани алатки/системи за следење на реализација на стратегии или програми
  • Искуство во најмалку 1 проект поврзан со анализа на програми или стратегии
  • Одлични познавања на Македонски и Англиски јазик

 

       3.Услови за работа и времетраење

Експертот за менаџмент на организации и програми ќе биде одговорен за прашања поврзани со институциите, нивната организациска поставеност и буџетските аспекти во рамки на Проектот СиРеРа. Активностите опфаќаат ангажирање во процесот на поврзување на институциите / организации кои имаат надлежност за спроведување активности со регионален карактер. Исто така, овој експерт ќе биде одговорен за обезбедување соодветно знаење кај корисниците на системот СиРеРа за непречено и ефикасно функционирање на системот. За времето кога ќе биде ангажиран, експертот за менаџмент на организации и програми ќе биде лоциран во Проектната канцеларија во Скопје. Како и да е, согласно потребите ќе треба да организира состаноци/обуки и да присуствува на состаноци и надвор од работните простории.

Иницијално, Договорот за ангажман на Експертот за менаџмент на организации и програми е предвиден како краткорочен договор, за период од 210 дена за време на три години 2018-2020 година. Ангажманот може да биде продолжен согласно потребите за реализација на целите на Проектот СиРеРа, во зависност од финалната евалуација на проектот, како и согласно извештаите за реализација на проектните активности.

TECHNICAL MANAGER / SYSTEM ENGINEER

 

  1. Цел на ангажманот и опфат на услугите/ задачите

Овој член на тимот тесно ќе соработува со членот за file sharing & collaboration, како и со членот за information security management. Експертот ќе се грижи за обезбедување услови за соработка со добавувачот на решението од една страна и институцијата носител на системот од друга страна, како и сите засегнати страни корисници на системот.

Поконкретно, одговорностите и задачите на експертот се следни:

  • Примарна техничка врска со добавувачот на решението за време на дизајн, развој и пред-импелментација.
  • Координација со добавувачи за тестирање на единица, систем и интеграција.
  • Соработува со ИТ менаџерите на довабувачот за да се здобие со соодветни технички упатства за области како системска архитектура, бази на податоци, развој на софтвер, безбедност, тестирање, управување со конфигурација, управување со промени, управување со објави, и со други технички области на новиот систем.
  • Учествува во сесии на Проектна канцеларија за деловни барања и проток на процеси.
  • Учествува при спроведување на Тест за прифаќање на крајни корисници за СиРеРа апликацијата.
  • Го известува техничкиот и проектниот тим за технички прашања и проблеми.
  • Се координира со други ресурси од постоечките системи.
  • Осигурува дека техничките спецификации ги задоволуваат деловните барања.
  • Одговара на било кои прашања кои се однесуваат на интерфејси со постоечки системи.
  • Одговорен за ефективно управување со сите ресурси за информатичка технологија, вклучувајќи стратегија за имплементација, управување со промени во институции, поддршка во производството, трансфер на ИТ обука/знаење, следење на дефекти/проблеми, како и за Оперативност и одржување.
  • Се координира со Експерти за области на финансиски прашања, регионален развој и организации и програми за да осигура јасна комуникација и очекувања со Добавувачот на решението.
  • Воспоставува и одржува врска со сопствениците на надворешните интерфејсни системи.
  • Учествува во процесот на преглед и реализација на испораките согласно проектниот план.

 

       2.Професионални квалификации/ искуство

 

  • Факултетско образование од областа на информатички или технички науки
  • Најмалку 5 години работно искуство во областа на информатички технологии
  • Најмалку 5 години работно искуство како систем инжињер
  • Искуство во најмалку 3 ИКТ проекти кои опфаќаат интеграција на системи
  • Одлични познавања на Македонски и Англиски јазик

 

        3.Услови за работа и времетраење

Експертот ќе биде одговорен за прашања поврзани со интеграција на системот во рамки на системски барања на институциите корисници. Активностите опфаќаат комуникација со добавувачот на системот во процесот на поврзување на институциите / организациите корисници на системот. Исто така, овој експерт ќе биде одговорен за обезбедување соодветно знаење кај корисниците на системот СиРеРа за непречено и ефикасно функционирање на системот. За времето кога ќе биде ангажиран, експертот ќе биде лоциран во Проектната канцеларија во Скопје. Како и да е, согласно потребите ќе треба да организира состаноци/обуки и да присуствува на состаноци и надвор од работните простории.

Иницијално, Договорот за ангажман на експертот е предвиден како краткорочен договор, за период од 400 дена за време на три години 2018-2020 година. Ангажманот може да биде продолжен согласно потребите за реализација на целите на Проектот СиРеРа, во зависност од финалната евалуација на проектот, како и согласно извештаите за реализација на проектните активности.

 

  1. FILE SHARING & COLLABORATION EXPERT

 

  1. Цел на ангажманот и опфат на услугите/ задачите

Овој експерт тесно ќе соработува со експертот за technical management/ system engineering, како и со експертот за information security management. Овој член на тимот ќе обезбедува експертска поддршка во врска со техничките аспекти на процесот на воспоставување на СиРеРа системот. Воедно, овој експерт треба да обезбеди сигурна електронска околина и услови за реализација на проектниот план.

Поконкретно, одговорностите и задачите на експертот се следни:

  • Ја одржува технолошката архитектура / инфраструктура вклучувајќи сервери и мрежа, потребни за воспоставување на решението.
  • Набавува и инсталира технолошка инфраструктура и хардвер за решението.
  • Го советува Тимот за евалуација на понуди со експертиза во однос на технички прашања за решението.
  • Прави истражување за политики, методи и техники на складирање и други дисциплини или организации за справување со информации кои може да се применливи за СиРеРа, и прави препораки за примена или воведување во политики, програми или оперативни процедури на институциите.
  • Прави анализа на тековните деловни процеси и процедури земајќи во предвид други пристапи и техники за стекнување доволна интелектуална и физичка контрола над електронските документи и записи.
  • Помага во идентификување на влијанието на електронската околина на прифаќањето на евиденцијата од страна на креаторите на документите.

 

      2.Професионални квалификации/ искуство

  • Факултетско образование од областа на информатички или технички науки
  • Најмалку 5 години работно искуство во областа на информатички технологии
  • Најмалку 5 години работно искуство во датотеки и складирање на податоци
  • Искуство во најмалку 3 ИКТ проекти кои опфаќаат воспоставување бази на податоци
  • Одлични познавања на Македонски и Англиски јазик

 

      3.Услови за работа и времетраење

Овој експертот ќе биде одговорен за прашања поврзани со датотеките на системот и соработка помеѓу бази на податоци. Активностите опфаќаат комуникација со добавувачот на системот во процесот на поврзување на институциите / организациите корисници на системот. Исто така, овој експерт ќе биде одговорен за обезбедување соодветно знаење кај корисниците на системот СиРеРа за непречено и ефикасно функционирање на системот. За времето кога ќе биде ангажиран, експертот ќе биде лоциран во Проектната канцеларија во Скопје. Како и да е, согласно потребите ќе треба да организира состаноци/обуки и да присуствува на состаноци и надвор од работните простории.

Иницијално, Договорот за ангажман на овој експерт е предвиден како краткорочен договор, за период од 400 дена за време на три години 2018-2020 година. Ангажманот може да биде продолжен согласно потребите за реализација на целите на Проектот СиРеРа, во зависност од финалната евалуација на проектот, како и согласно извештаите за реализација на проектните активности.

  1. INFORMATION SECURITY MANAGEMENT EXPERT

 

  1. Цел на ангажманот и опфат на услугите/ задачите

Овој експерт тесно ќе соработува со експертот за technical management/ system engineering, како и со експертот за file sharing & collaboration. Овој член на тимот ќе обезбедува експертска поддршка во врска со безбедносните аспекти на процесот на воспоставување на СиРеРа системот. Воедно, овој експерт треба да обезбеди сигурна електорнска околина и контрола на процесите за реализација на проектниот план.

Поконкретно, одговорностите и задачите на експертот се следни:

  • Тесно соработува и дава насоки за безбедноста како поддршка на Техничкиот менаџер со што осигурува дека менаџерските, техничките и оперативните контроли се имплементирани
  • Овозможува соодветна и трошочно ефективна заштита за системот за складирање на податоци за време на животниот циклус.
  • Известува до Систем менаџерот за сите СиРеРа компјутерски и мрежни безбедносни прашања.
  • Ја координира имплементацијата на безбедносните програми за сите платформи и воспоставува критериуми за известување за безбедносни ризици и ранливости.
  • Развива целосно усогласена програма за безбедност на инфраструктура која се имплементира преку проектната канцеларија и сите подредени теренски активности.
  • По потреба, дава совет на Систем менаџерот и препорачува соодветни насоки за акција за решавање на комплексни безбедносни прашања.
  • Одговорен е за активности на внатрешниот и на техничкиот кадар на добавувачот кои се ангажирани за управување со техничките аспекти на проектот.
  • Управува со техничките дисциплини на проектот.

 

      2.Професионални квалификации/ искуство

  • Факултетско образование од областа на информатички или технички науки
  • Најмалку 5 години работно искуство во областа на информатички технологии
  • Најмалку 5 години работно искуство во обезбедување информатичка безбедност
  • Искуство во најмалку 3 ИКТ проекти кои опфаќаат информатичка безбедност на ИТ Системи или бази на податоци.
  • Одлични познавања на Македонски и Англиски јазик

 

       3.Услови за работа и времетраење

Овој експерт ќе биде одговорен за прашања поврзани со информатичка безбедност на системот. Активностите опфаќаат комуникација со добавувачот на системот во процесот на поврзување на базите на институциите / организациите корисници на системот и размена на податоци и информации. За времето кога ќе биде ангажиран, експертот ќе биде лоциран во Проектната канцеларија во Скопје. Како и да е, согласно потребите ќе треба да организира состаноци/обуки и да присуствува на состаноци и надвор од работните простории.

Иницијално, Договорот за ангажман на експертот е предвиден како краткорочен договор, за период од 380 дена за време на три години 2018-2020 година. Ангажманот може да биде продолжен согласно потребите за реализација на целите на Проектот СиРеРа, во зависност од финалната евалуација на проектот, како и согласно извештаите за реализација на проектните активности.

За да пристапите до електронската верзија на Повикот за искажување интерес кликнете на овој линк.

АКТУЕЛНОСТИ: