Предлог законот за финансиска поддршка на инвестиции пред собраниската комисија за економски прашања

Предлог Законот за финансиска поддршка на инвестициите денес ќе се разгледува на седница на комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, која започнува во 13:30 часот.

Со Законот се овозможува примена на мерките од првиот и вториот столб од Планот за економски раст, усвоен од Владата во декември 2017 година.  Планот за економски раст е креиран во соработка со Стопанските комори, академската заедница и невладиниот сектор,  се организираа повеќе активности и јавни трибини на кои се дискутираше за мерките од планот, а Законот со кој се планира да се имплементират мерките беше јавно достапен на увид на целата јавност и преку Единствениот електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР).

Овој предлог закон овозможува државна финансиска поддршка за нови инвестиции и нови подобро платени работни мести, технолошки развој и внесување на иновации на компаниите, со што ќе се зголеми конкурентноста на македонските компании, а целта е да се зголеми извозот и да се постигнат повисоки стапики на економски раст на македонската економија.

АКТУЕЛНОСТИ: