Став за стечајна постапка Фени индустри

25 април, 2018 година

Почитувани,

Во врска со информациите во јавноста поврзани со стечајната постапка во Фени индустри, би сакале да Ве информираме дека стечајна постапка се води во согласност со Законот за стечај, со соодветни органи на управување за зачувување на стечајната маса, со крајна цел заштита на интересите на доверителите.

Владата во рамките на своите активности будно ја следи состојбата на стечајната постапка заради заштите на јавниот интерес, од причина што Фени индустри е клучен индустриски капацитет, кадешто работат над 700 работници.

Особено важно да истакнеме е дека овој комбинат го детерминира економското живеење во кавадаречкиот регион, важен е за локалниот економски развој, а исто така и за економијата на Република Македонија.

Со почит,

АКТУЕЛНОСТИ: