Свечено отворање на капцитетот на компанијата Антура МК во Кочани

Ве информираме дека на 5 мај 2018 година (сабота), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, на покана на инвеститорот, ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на вториот производствен капацитет на компанијата Антура МК во Кочани.

Настанот ќе се одржи во кругот на компанијата Антура (ул. Оризова бр. 15) во Кочани, а официјалниот дел започнува во 12:00 часот.

Покануваме претставници на медиумите да присуствуваат на свеченоста и даго проследат обраќањето на вицепремиерот Анѓушев.

Friday, May 4, 2018 - 12:00