Работна посета на вицепремиерот Анѓушев во Штип

Ве информираме дека на 6 мај 2018 година (недела), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе биде во работна посета на Штип.

Најпрво околу 12:30 часот вицепремиерот ќе ја посети текстилната компанија Албатрос во Штип (ќл. Железничка бр. 21), кадешто ќе оствари средба со менаџментот на компанијата, а по средбата ќе има можност за изјави за медиумите.

Посетата на Штип ќе ја заокружи со средба со менаџментот на компанијата Актива, во нивниот производствен капацитет.

Покануваме претставници на медиумите да земат изјава од вицепремиерот Анѓушев во просториите на компанијата Албатрос во 13:00 часот.

Sunday, May 6, 2018 - 12:30