Учество на вицепремиерот Анѓушев на активности во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан

Ве информираме дека Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев на 17-ти и 18-ти мај ќе оствари службена посета во Република Бугарија каде што ќе учествува на дел од активностите во рамките на самитот ЕУ-Западен Балкан.

На 17-ти мај во попладневните часови вицепремиерот Анѓушев, ќе учествува на настан во организација на Светскиот економски форум, додека на 18-ти мај во утринските часови ќе учествува на „Виенскиот економски форум“, настани кои ќе се одржуваат во Националниот дворец на културата во Софија.

Thursday, May 17, 2018 - 09:00 to Friday, May 18, 2018 - 09:00