Премиерот Заев и вицепремиерите Османи и Анѓушев во Струга: Вредно е да застанеме заедно, да ги мотивираме младите луѓе да работат во Македонија и да бидат движечка сила

18 мај, 2018 година

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев по пристигнувањето од Самитот на ЕУ за земјите од Западен Балкан во Софија, заедно со вицепремиерите за економски прашања и за европски прашања Кочо Анѓушев и Бујар Османи, учествуваше на трибина „Млади МК-ЕУ, можности без граници“ организирана од RYCO – Регионална канцеларија за соработка на млади, Центарот на заедницата на општина Струга и Здружението Аква, во соработка со Владата на Република Македонија.

Премиерот Заев меѓу бројните млади луѓе говореше за огромните можности што им се отвораат со интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО и ги сподели впечатоците од одржаниот Самит на Европската Унија за земјите од Западен Балкан во Софија на којшто се носеа крупни одлуки и решенија за европските перспективи на земјите од регионот.

„Овде сме да ги пренесеме нашите први чувства од нашето учество на Самитот на Европската Унија за земјите од Западен Балкан. Сите заедно да разговараме за можностите без граници. На Самитот сите очи беа вперени во нас бидејќи многу работи се сменија на добро во нашата Македонија. Дојдовме прво во Струга, градот којшто е симбол на мултиетничноста и на европските перспективи“, порача премиерот.

„Сакам тоа охрабрување да ви го пренесам вам, на младите. Младите се почесто се иселуваат од Македонија, поради политичките причини и заробената држава којашто ја имавме изминатите години, но и поради квалитетот на живот. Владата има фокус да ги менува затекнатите состојби. Сите реформи што ги правиме значат нов квалитет на живот за младите луѓе.“ рече премиерот Заев.

Премиерот Заев потенцираше дека овие моменти се одлучувачки и клучни за иднината на нашата земја и порача дека многу е важно Македонија да добие датум за преговори и Македонија да добие членство во НАТО со што ќе се отворат можностите за нови инвестиции кои ќе отвараат нови работни места за младите луѓе.

„Ја отвораме спиралата на севкупното покачување на платите и креираме амбиент за НАТО и ЕУ интеграции како реални можности за креирање подобар животен стандард.“ соопшти премиерот Заев

Премиерот Заев истакна дека планираните реформи во основното, средното и високото образование го враќаат квалитетот на знаењата и подготовката на младите луѓе за пазарот на трудот. Во своето обраќање премиерот Заев ги охрабри младите луѓе да се прудружат на промената и заедно со сите општествени чинители да се ангажираат во отворањето на европските перспективи на земјата.

„Мора да застанеме заедно и да ја враќаме Македонија на патот. За нашите млади луѓе вредно е да застанеме заедно, да ги отвориме сите перспективи, да ги мотивираме младите луѓе да останат овде, да работат во Македонија и да бидат моторната движечка сила на Македонија“ порача премиерот Заев.

Пред младите луѓе се обратија и вицепремиерите за европски и за економски прашања, Османи и Анѓушев.

„Од  вчера сликата за Европа на Македонија ѝ е многу блиска. Не само заради тоа што 28 лидери ставија печат на поддршка на влезот на Македонија во ЕУ, туку затоа што ние имаме заеднички вредности со ЕУ, патот кон Европа не е само техничко штиклирање во документ, туку вредност.“ порача вицепремиерот Османи.

Вицепремиерот Османи зборуваше за вредностите на Европската Унија кон чиешто достигнување треба да целиме, а ефектите директно ќе влијаат на подобрување на животниот стандард на сите граѓани, а посебно на младите.

„Европа не е само форма туку идеја. Европа е нашиот идентитет и наша заедничка вредност којашто нѐ обединува. Сѐ почнува од вашата идеја и сѐ што правиме е за доброто на вашата иднина“ порача вицепремиерот Османи.

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев зборуваше за економските придобивки коишто младите луѓе, а и сите граѓани ги добиваат од интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Предизвик треба да биде да формирате ваши фирми, да се борите на пазарот, и да почнете со спроведување на храбри чекори. Владата мора да ви обезбеди нормални услови за реализација на вашиот сон. Тие нормални услови ќе ги обезбеди интеграцијата на Македонија во евро-атлантското семејство“, порача вицепремиерот Анѓушев.

Вицепремиерот Анѓушев ги охрабри младите луѓе да ги искористат мерките на поддршка што Владата ги обезбедува, да се охрабрат и да формираат свои компании и како што рече тој да сонуваат големи соништа, како ја градат својата иднина во Република Македонија.

Во дебатата со владините претставници младите луѓе покажаа интерес за реформата во образованието, начинот на нејзино спроведување и ефектите што ќе следуваат за подобро позиционирање на младите луѓе на пазарот на трудот.

Учесниците отворија прашања во врска со средното стручно образование, миграциите, отворањето работни места, но и теми како правдата и важењето на законите еднакво за сите.

Настанот заврши со прашања поврзани со администрацијата на кои одговори премиерот Заев, мотивирајќи и охрабрувајќи ги младите да ги користат мерките за самовработување и започнување сопствени бизниси и посочувајќи дека во економските планови постојат одлични услови за развиток на новите компании.

АКТУЕЛНОСТИ: