Посети на железнички станици Велес и Чашка и отварање на PiKCELL Group

Ве информираме дека на 23 мај 2018 година (среда), Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев ќе присуствува и ќе се обрати на два настани.

Со почеток од 10:15 часот вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, вицепремиерот за европски прашања д-р Бујар Османи, инистерот за транспорт и врски м-р Горан Сугарески и амбасадорот на Европската Унија Н.Е. Самуел Жбогар ќе извршат увид на реконструираната зграда на железничката станица во Велес, потоа ќе патуваат со воз на релација Велес-Чашка, ќе извршат увид во реконстрираната зграда на железничката станица во Чашка, кадешто во 11:15 часот ќе дадат изјави за присутните медиуми.

Во 13:00 часот, во кругот на фабриката Раде Кончар во Скопје (бул. “Трета Македонска Бригада“ бр. 54), вицепремиерот Анѓушев ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на PiKCELL Group - фабрика за производство на фотоволтаични соларни модули и производство на фотоволтаични термални модули во соработка со SOLAR-ET

Покануваме претставници на медиумите да ја проследат заедничката агенда на вицепремиерот Анѓушев, вицепремиерот Османи, министерот Сугарески и амбасадорот Жбогар и да земат изјави од нив пред железничката станица во Чашка во 11:15 часот, како и да го проследат обраќањето на вицепремиерот Анѓушев на свеченото отворање на фабриката на PiKCELL Group.

Wednesday, May 23, 2018 - 10:15 to 11:00