Вицепремиерот Анѓушев: Здравјето на граѓаните нема цена, Југохром ќе проработи кога ќе постави филтер

2 јули, 2018 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, на денешната собраниската седница посветена на пратенички прашања, рече дека Југохром ќе проработи откако и само кога ќе се постави филтер. Со тоа вицепремиерот Анѓушев, вклучително и Владата на Република Македонија, на прво место го ставаат здравјето на граѓаните и зачувувањето на животната средина.

Во преговорите со сопственикот на металуршкиот комбинат и синдикатот на Југохром Алшар потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Владата, раководството и синдикатот на компанијата, со кој се утврдени меѓусебни права и обврски и дефинирано е дека Југохром ќе се рестартира во оној момент кога ќе добие А-интегрирана еколошка дозвола за работа.

„Владата покажа добра волја и подготвеност да се помогне на компанијата во процесот на изградба на системот за отпрашување, односно да асистира во процесот на подигнување на заем на Југохром од Македонската банка за поддршка на развојот, процес во кој сепак и самото раководство на компанијата треба да покаже подготвеност, да вложи дополнителни 1 милион евра, за да се реши целата ситуација. Доколку таксативно се направат сите услови и околности според коишто треба да проработи Југохром, но тие да не се на штета на граѓаните, Југохром ќе работи и ќе придонесува за регионот и за економијата, а ние како држава и како влада ќе му помогнеме да ја исполни обврска и да постави филтер. Да, економијата е важна, полошкиот регион е со понизок степен на вработеност, но здравјето на граѓаните нема цена и тоа е најважно, а после тоа доаѓа економијата. Ние како влада ќе се грижиме и за едното и за другото. Очекувам Југохром да биде во функција до крајот на годината, но со сите соодветни промени и исполнување на сите еколошки стандарди. Затоа, нема потреба од загриженост за граѓаните или на еколошките здруженија“, рече вицепремиерот Анѓушев.

Во интерес на вработените во компанијата и на регионот е металуршкиот  комбинат да започне со работа, но дека тоа мора да се одвива согласно позитивните законски прописи за заштита на здравјето на граѓаните и заштита на животната средина, заклучи вицепремиерот.

Видео од обраќањето на ЗПВРМ Анѓушев:

АКТУЕЛНОСТИ: