ОДВ Eлектрик објави втора фаза инвестициски циклус во ТИРЗ Струга/Охрид – инвестиција од 4,2 милиони евра и нови 90 вработувања

Германската компанија ОДВ Електрик, која работи во технолошко индустриската развојна зона Струга/Охрид, денеска објави дека започнува со реализација на втората фаза на инвестицијата, односно изградба на нов дополнителен производствен капацитет од 4500 метри квадратни метри, инвестиција од 4,2 милиони евра и нови 90 вработувања.

Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев истакна дека владините мерки за поддршка на економијата даваат резултати, што се отсликува преку рекордниот износ на странски директни инвестиции во првото полугодие од 327 милиони евра, раст на индустриското производство од 5,5% во првите 7 месеци од 2018 година, раст на просечната исплатена нето плата од над 6%, како и раст на извозот од земјата.

„Законот за финансиска поддршка на инвестициите и другите комплементарни мерки дават добра основа за нова ера на индустријализација на Република Македонија. Со веќе извесното членство во НАТО и почетокот на преговорите за влез во Европската Унија добиваме стабилност и очекуваме  охрабрување за нови инвестиции. Паралелно со процесот на привлекување на нови инвестиции, Владата започна со спроведување на мерки за намалување на невработеноста и зголемување на вработливоста на невработените лица. Во наредниот период ќе почнеме да ја спроведуваме мерката Шанса за сите, која ќе биде насочена кон преквалификација и обука на невработените лица за потребите на реалниот сектор, во процедура е донесување на Законот за практиканство, а воедно работиме на имплементација на проектот за дуално образование, односно воведување на практична работа за учениците од техничките училишта во компаниите“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.

Економскиот тим на Владата креира вистински политики за реалната економија, тоа стопанствениците го препознаваат, и неретко ги удвојуваат или триплираат своите инвестици,  посочи министерот за економија Крешник Бектеши.

„Многу важно во оваа втора фаза на инвестиција на ОДВ Електрик е што во новиот погон, се планира вработување на високо едуциран кадар, што значи дека се отвораат подобро платени работни места, што е и во фокусот на Владата. Подобри плати и повисок стандард за граѓаните на Република Македонија“, дополни Бектеши.


Меморандумот за реализација на втората фаза на инвестицијата го потпишаа директорот на ДТИРЗ Александар Младеновски и главниот извршен директор на компанијата ОДВ Електрик Мартин Ехрет.

„Компанијата ОДВ во моментов вработува 310 лица во својот објект со површина од 4500 метри квадратни, а со новата инвестиција производствениот простор се удвојува и ќе изнесува околу 10 илјади метри квадратни“, нагласи директорот Младеновски.

ОДВ Електрик е основана во 1970 годината и се уште е во сопственост на основачките семејства. Покрај фабриката во Германија, во моментов компанијата работи со четири дополнителни подружници на југот на Унгарија, западниот дел на Украина, Македонија и Мексико. На крајот на 2017 година ОДВ Електрик вработуваше околу 2.200 лица во сите четири фабрики, рече извршниот директор на ОДВ Електрик Мартин Ехрет.

“Доколку глобалната економија го одржи овој чекор ОДВ Електрик планира и натаму да инвестира во Македонија. На крајот на нашиот инвестициски циклус, ОДВ Електрик проценува дека ќе инвестира околу 15 милиони евра, а ќе вработува повеќе од 1.000 лица“, нагласи Ехрет.

Видео линк од настанот: 

АКТУЕЛНОСТИ: