Едношалтерски систем за бизнис лиценци и дозволи

Во земјава постојат неколку едношалтерски системи кои функционираат за различни намени (регистрирање на компанија, издавање на дозволи за градба, издавање на дозволи за извоз - увоз, регистрирање на работници...). Преку оваа реформа се предвидува интегрирање на веќе постоечките едношалтерски системи под еден „чадор систем“, а дополнително ќе им се помогне на институциите кои немаат да воспостават едношалтерски системи за електронско издавање лиценци и дозволи. Предложената реформа ќе придонесе за унапредување на конкурентноста преку намалување на регулаторното оптоварување и пречки за започнување и водење на бизнис, намалување на потребното време за издавање на дозволи, намалување на трошоците за започнување и водење на бизнис, подобрување на пристапот до информации за промени во регулативата и законите, подобар пристап до помош за воспоставување и водење на компанија, зголемување на информираноста за потребни лиценци и дозволи и намалување на административниот товар на бизнис

АКТУЕЛНОСТИ: