СиРеРа

Согласно претходно изработена детална Физибилити студијата, структура на Системот се состои од четири компоненти и четири под- компоненти за документи, стратегии, човечки ресурси, финансии, показатели за мониторинг, проекти на локално, регионално и национално ниво. Системот е предвиден како електронска платформа која ќе служи како алатка на Советот за рамномерен регионален развој при креирање и спроведување политики. Системот ќе обезбеди база на релевантна документација за регионален развој на национално, регионално и локално ниво, база на податоци со општински проекти (реализирани, во фаза на спроведување и подготвени за финансирање), статистичко следење и прегледи на нивото на развој на регионите, поврзување на развојните програми со извори на финансирање. Оваа реформа ќе придонесе за унапредување на рамномерниот регионален развој во земјава, како развојот на руралните средини, условите на локалната инфраструктура, подобрување на бизнис околината на локално ниво, координација во и помеѓу планските региони во земјата, апсорпција на ИПА и други фондовите итн. За воспоставувањето на функционален Систем согласно Физибилити студијата е потребно период од 4 години и околу 3,5 милиони евра.

English