Д-р Кочо Анѓушев и повеќе други министри во Владата на РМ на свеченостите по повод државниот празник Ден на републиката

2 август, 2017 година

 

Во рамките на програмата за одбележување на државниот празник Денот на Републиката, 2 август, во Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце, пред присутните гости, претставници на Владата на Република Македонија, на Собранието, и на други институции и организации, се обрати Заменикот претседател на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев.

Говорејќи за најзначајните државотворни настани за Република Македонија, двата Илиндена од 1903 и во 1944, д-р Анѓушев истакна дека „Од перспективата на оваа 2017 година, неминовно е да се соочиме со фактот дека треба да ја прифатиме државотворната агенда на концептот за Македонија која повикува: Да ја градиме како граѓанска држава, која ќе биде слободна татковина на сите граѓани и на сите етнички заедници.“

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, нагласи дека граѓаните на Република Македонија се на пат да ги остварат соновите за сопствените стратешки цели – членството во НАТО и Европската Унија, и за економска благостојба на сите граѓани.

Новата Влада, Собранието и целото општество, за овие свои аспирации, имаат огромна поддршка од пријателите на Република Македонија од меѓународната заедница, рече д-р Анѓушев.

Во меморијалниот центар посветен на АСНОМ, Пелинце, како дел од владината делегација беа и министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, како и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

На свеченостите по повод Денот на Републиката на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, учествуваше министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентности отчетност, Роберт Поповски и министерката за образование и наука, Рената Тренеска Дескоска.

На централното одбележување на Денот на Републиката, 2 август, по повод годишнината од Илинденското востание, што се одржа на Мечкин Камен во Крушево, во име на Владата на Република Македонија присуствуваа, и венец свежо цвеќе на спомен обележјето, положија министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и министерот за економија, Крешник Бектеши.

 

 

Macedonian
АКТУЕЛНОСТИ: