Национална стратегија за одржлив развој

Во периодот од 2011 година, а по усвојувањето на Националната стратегија за одржлив развој, Владата на Република Македонија интензивно работи на постигнувањето на мерките и целите дефинирани во Стратегијата, преку воспоставениот Национален совет за одржлив развој и Техничка работна група на Советот за одржлив разовј.
Мерките и целите дефинирани во Стратегијата ќе се постигнат преку подигнување на економскиот развој, создавање нови работни места, а во исто време заштита, унапредување и одржување на животната средина, се со цел зголемување на животниот стандард на македонските граѓани и обезбедуваење на просперитетна иднина за нашите деца и идните генерации.

 

Работата на Националниот совет за одржлив развој, е поврзана со членството на Република Македонија во европското семејство, вклучувајќи го тука и исполнувањето на дефинираните цели во стратегијата Европа 2020. Еден од најважните приоритети на Националниот совет е успешното прилагодување на македонското стопанство кон условите на климатските промени и промовирање на енергетската ефикасност преку ефикасно користење на природните ресурси, намалување на емисиијата на стакленички гасови и зголемување на боројот на обновливи извори на енергија. Сето ова треба да резултира со истовремено задржување на макроекономската стабилност и постигнување на зелен раст и развој.

 

Во 2014/15 подготвен е Првиот Извештај за статусот на имплементација на Националната стратегија за одржлив развој, во кој даден е статусот на напредокот по сектори. Во 2016 се одржаа неколку големи конференции на Обединетите нации кои го дефинираат натамоштниот прогрес во оваа област. За таа цел РепубликаМакедонија, до крајот на 2016 година, ќе го изготви Акцискиот план за одржлив развој, во кој ќе бидат интегрирани исходните документи од Самитот на шефови и влади, на кој се усвоија Целите за одржлив развој и Конференцијата за климатска акција, на која се усвои обврзувачкли документ за редукција на емисиите на стакленички гасови.

АКТУЕЛНОСТИ: