Координативен министерски состанок на Националниот инвестициски комитет – Владата има обврска да обезбеди поголема апсорпција на средствата од ЕУ за инфраструктура и енергетика

1 ноември, 2017 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Национален ИПА координатор (НИПАК), заедно со Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев го предводеа координативниот министерски состанок на Националниот Инвестициски Комитет. 

Состанокот се одржа во просториите на Секретаријатот за европски прашања, во присуство на повеќе ресорни министри, заменици министри, како и останати ресорни претставници задолжени за распределба и имплементација на проектите финансирани со странска помош.

Состанокот беше одржан со цел да се разгледаат составот на НИК и Единствената листа на проекти, а беа разгледани и потенцијалните проектни предлози кои се зрели за поднесување и ги задоволуваат барањата на Инструментот Инвестициска рамка за земјите од Западен Балкан.

Во согласност со ЕУ Агендата за поврзување (т.н. „конективити агенда“) и Програмата на работа на Владата 2017-2020, на состанокот беа дадени препораки за ревидирање на истата од страна на надлежните министерства, од аспект на статус на реализација на проектите. 

На состанокот се истакна дека обврска на Владата е да испорача што е мошно поголема апсорпција на средствата предвидени за инфраструктурно и енергетско поврзување на земјите од Западниот Балкан. Тоа е основа за поголема меѓусебна соработка, побрз економски развој, но и најдобар начин за премостување на политичките разлики и затворање на отворените прашања меѓу соседите. 

Дополнително, дадени се насоки во однос на предусловите за успешно функционирање и користење на средствата од ИПА 2, особено регионалните фондови во делот на инфраструкура во секторите транспорт, енергетика животна средина. Во текот на состанокот беа донесени неколку заклучоци со кои се задолжуваат ресорните министри да го комплетираат составот на Националниот инвестициски комитет, како и да ги ревидираат Единствените листи на проекти на Владата, со цел понатамошно редовно одржување на состаноците на НИК во полн состав и реализација на проектите во рамките на роковите. 

Националниот инвестициски комитет (НИК) е советодавно тело во кое на транспарентен начин се рангирани стратешки инфраструктури проекти. Ова тело е формирано со цел подобро да се планираат проектите, да се одредува нивниот приоритет и да се распределуваат средствата за транспортната инфраструктура и енергетска поврзаност на земјата со земјите од Западен Балкан во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан.

АКТУЕЛНОСТИ: