Јавен повик за изразување интерес за консултантски услуги

Кабинетот на заменикот на претседателот на владата за економски прашања и координација со економските ресори (КЗПВЕП) го спроведува Проектот за локална и регионална конкурентност во туризмот (ПЛРКТ) во Македонија. Проектот ќе биде финансиран со дотација од Европската Унија во рамки на Програмата ИПА II.

За таа цел има намера да спроведе постапка за ангажирање на индивидуален консултант – Специјалист за набавки за потребите на овој проект.

Детален опис на задачи за консултантските услуги кои се бараат се објавени на веб страната на Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања http://www.vicepremier-ekonomija.gov.mk. и на Веб страницата на Проектот  www.lrcp.mk.

Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања ги поканува сите кандидати кои исполнуваат условите да искажат интерес за обезбедување на консултантски услуги. Заинтересираните кандидати потребно е да обезбедат информации (професионална биографија - CV и препораки, исклучиво на англиски јазик) со кои ќе потврдат дека ги поседуваат потребните квалификации и релевантното работно искуство за извршување на задачите.

Деталните повици за искажување на интерес и опис на работни задачи за позициите за кои се објавува овој оглас се достапни на линковите подолу.

Подетални информации може да се добијат на адресата подолу, во работно време од 08:30 – 16:30ч., локално време.

Писмата за изразување на интерес мора да се достават во писмена форма на адресата подолу (лично, или по пошта, факс или е-маил) најдоцна до 22.11.2017 година, пред 16:00ч по локално време.

 

АКТУЕЛНОСТИ: