Известување

30 ноември, 2017 година

Ве известуваме дека утре, на 30 ноември 2017 година (четврток), д-р Кочо Анѓушев, Заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања ќе присуствува на два настани.

Во 10:00 часот во конгресната сала 1 во хотелот „Александар Палас“, вицепремиерот Анѓушев ќе се обрати на „Бизнис форумот на странските инвеститори и домашни компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи“, во организација на Стопанската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори.

Во 14:00 часот во хотелот „Александар Палас“, потпретседателот на Владата Анѓушев ќе присуствува на настан „Промоција на 7-то издание на Каталогот топ 100“, во организација на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Покануваме претставници на медиумите да ги проследат двата настани на кои ќе присуствува вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев.

АКТУЕЛНОСТИ: