Почетна

Соопштение за јавност од ЗПВРМ Анѓушев (Реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ)

17 април, 2018 година

Изминатиов период сум предмет на интересирање на опозицијата. Обвинувањата на ВМРО – ДПМНЕ се движат од тоа дека имам финансиска корист од преговорите околу разликата со името со Грција, до тоа дека сум влегол во политиката да ги вратам наводните долгови на компаниите кои ги поседувам. Сите овие обвинувања може да се објаснат со два збора – бескрупулозни лаги.

Вицепремиерот Анѓушев на собраниска комисија за економија – законот за финансиска поддршка на инвестиции ќе ја подобри конкурентноста на македонските компании

04 април, 2018 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев се обрати на седницата на комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на која одговараше на прашања од пратениците за  потребата од донесување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Вицепремиерот Анѓушев и министерот Бекташи го презентираа предлог законот за енергетика – Законот носи придобивки за граѓаните, компаниите и државата

30 март, 2018 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за економија м-р Крешник Бектеши одржаа прес конференција на која го презентираа Предлог Законот за енергетика, кој беше усвоен на Владина седница минатата недела.

Повик за искажување интерес

ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ ИНТЕРЕС

за Проект за воспоставување на Систем за координација во планирањето, спроведувањето, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој (СиРеРа)

 

Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори и Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија преку Швајцарската агенција за соработка и развој, спроведуваат проект во рамки на програмата за Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој во Македонија.

СиРеРа Проектот е во потрага по експерти кои се заинтересирани да бидат дел од Проектна единица за спроведување на проектот (ПЕСП) која се очекува да започне со работа во април 2018 година и ќе трае до декември 2020 година. КЗПВРМЕП го објавува овој повик за искажување интерес за експерти за клучни позиции во ПЕСП кои ќе бидат ангажирани штом се заврши процедурата за селекција на членовите на ПЕСП и се создадат соодветни технички услови за работа.

Pages

Subscribe to RSS - Почетна