АКТУЕЛНОСТИ

Вицепремиерот Анѓушев на свеченоста за поставување на камен темелник на фабриката Чагатај Кабло: Со новите мерки поддршката за компаниите е позначајна,а ефектите за економијата поголеми

27 септември, 2017 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев присуствуваше и се обрати на свеченоста за поставување на камен темелник на инвестицијата на турската компанија Чагатај Кабло во ТИРЗ Скопје.

Вицепремиерот Анѓушев посочи дека компанијата Чагатај Кабло договорот за изградба на објектот го склучила во 2016 година, но не добиле субвенции од Владата бидејќи не успеале да го склучат договорот за  поддршка со претходната влада.

Започна Програмата „Dual Training“ - Вицепремиерот Анѓушев: Потребни се реформи во образованието за продуцирање на квалитетни и обучени кадри запотребите на стопанството

27 септември, 2017 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев се обрати на конференцијата со која се одбележа почетокот на Програмата „Dual Training”, која ќе се спроведува преку Делегацијата на германското стопанство во Македонија во наредните три години.

Вицепремиерот Анѓушев го презентираше „Планот за економски раст“ пред меѓународната заедница: Мерките на Владата се со јасни критеруими и важат за сите компании

19 септември, 2017 година

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев на јавна трибина во Владата, го презентираше „Планот за економски раст“, односно сетот на економски мерки, пред претставниците од странските амбасади и меѓународните финансиски институции.

Вицепремиерот Анѓушев на презентација на „Студијата за извоз“ изработена од Виенскиот институт: Владата подготви сет мерки за економски раст на Република Македонија

13 септември, 2017 година

Владата утре ќе ги објави сетот мерки наменети за економијата, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Мерките содржат три главни столба, ќе бидат подеднакво наменети и за домашните и странските инвестиции, а главен критериум ќе биде резултатот од работењето.
Вицепремиерот посочи дека основно е дека мерките се наменети за оние компании кои можат да испорачаат раст и прогрес на Македонија, односно дека резултатот од работењето на компаниите ќе биде основен критериум за добивање помош од државата.

Pages

Subscribe to RSS - АКТУЕЛНОСТИ