Почетна

Енергетска заедница ги повлече споровите против Република Македонија по донесување на законот за енергетика

Секретаријатот на Енергетската заедница денес ги повлече поднесените барања за спорови против Република Македонија. По серија на јавни расправи во кои беа вклучени сите засегнати страни, во транспарентна постапка, Собранието на 21-ви мај 2018 година го донесе новиот Закон за енергетика, во кој се транспонирани ЕУ директивите и регулативите на  Третиот енергетски пакет.

Со новиот закон се враќа основното човеково право на избор на потрошувачот од кого ќе се снабдува со енергија, а воедно и се  исполнуваат  условите за отворање на пазарот на електрична енергија, што ќе донесе поголема конкуренција и подобар квалитет на услугите на граѓаните на Република Македонија.

Вицепремиерот Анѓушев на средба со претставници на Југохром – приоритет на Владата е Југохром да се рестартира и да работи во согласност со еколошките стандарди

21 мај, 2018 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев оствари средба со претставници на менаџментот и синдикалната организација на Југохром Алшар и со претставници на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на која се дискутираше со предизвиците кои ги има овој комбинат во процесот изградба на систем за отпрашување за добивање на интегрирана А-еколошка дозвола за работа.

Вицепремиерот Анѓушев на дебатата за управување со јавни финансии – реализација на капитални инвестиции за мултиплицирани економски ефекти

21 мај, 2018 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, учествуваше на дебатата насловена  „Економски разговори-Јавните финансии на крстопат“, организирана на Економскиот факултет во Скопје.

Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека станува збор за многу сериозна тема која ги засега сите граѓани на Република Македонија, односно за управување со буџетските средства кои се прибираат од даночните обврзници.

Вицепремиерот Анѓушев на пленарна собраниска седница: Законот за енергетика обезбедува заштита на граѓаните

21 мај, 2018 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, денес се обрати на пленарната седница на Собранието на Република Македонија, на која беше усвоен Законот за енергетика во второ читање.

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во посета на фабрика во изградба кофинансирана од ИПАРД: Домашните инвестиции охрабруваат и ја движат економијата напред

19 мај, 2018 година

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, советничката за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ленче Николовска и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски во рамки на вчерашната посета на Струга одржаа работен состанок со претставници на компанијата „Подгорка“.

Pages

Subscribe to RSS - Почетна