Почетна

Енергетската заедница ги препозна реформите во енергетскиот сектор – Македонија напредува

Република Македонија направи голем напредок во имплементација на „меките мерки“ во енергетскиот сектор изминатава година, заклучи Енергетската заедница во „Мониторинг извештајот за електрична енергија во земјите во Западен Балкан“.

Како за споредба, во јуни 2017 година спроведувањето на меките мерки (мерки кои се однесуваат на развивање на пазарот на електрична енергија, мерки за прекугранично балансирање, мерки поврзани со регионална распределба на капацитети и вкрстени мерки) било на ниво од 38%, додека во јуни 2018 година достигна ниво од над 50%. Напредокот започна по одржување на Самитот за Западен Балкан во Трст, а во најголема мера се должи на донесувањето на новиот Закон за енергетика, во кој се имплементирани европските директиви и регулативи од Третиот енергетски пакет.

Делегација на Владата на средба со Австриската Федерална стопанска комора

26 јуни, 2018 година

Премиерот Заев е во Виена со заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, со заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи и со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

- Развиваме добра економска клима, очекуваме отворање на евро-атлантските интеграции, станавме атрактивна држава за инвестиции, да ја унапредиме економската соработка, ги повика бизнисмените од Австрија, премиерот Заев.

Огромен интерес на малите и средни компании на првиот јавен повик на фондот за иновации и технолошки развој – поднесени 238 проекти со вкупна вредност од 51 милиони евра

24 јуни, 2018 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски одржаа прес конференција на која презентираа прелиминарни податоци за апликациите од малите и средни компании доставени на првиот јавен повик за мерките од третиот столб на Планот за економски раст.

Mакедонија за една година направи огромни чекори во реформите за енергетскиот сектор – порача вицепремирот Aнѓушев од Aвстрија

23 јуни, 2018 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев и министерот за економија м-р Крешник Бектеши учествуваа на неформалниот состанок на министри за енергетика, индустрија и трговија, во организација на Секретаријатот на Енергетската заедница, кој денес се одржа во гратчето Дурштајн во Република Австрија.

Вицепремиерот Анѓушев и министерот Бектеши во посета на ТИРЗ Тетово, најавена нова инвестиција од 7 милиони евра

20 јуни, 2018 година


Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши, денеска ја посетија Технолошко-индустриската развојна зона Тетово. За време на посетата тие одржаа средба со менаџментот на компанијата Нормак која ја менаџира зоната во Тетово и ја посетија компанијата Леар Корпорејшн.

Pages

Subscribe to RSS - Почетна