Проекти

Програма за одржлив и инклузивен регионален економски развој во Македонија

Главната цел на оваа Програма е создавање услови за значително намалување на диспаритетите во и помеѓу планските региони во Македонија, овозможувајќи подобри можности за живот на сите граѓани во сите региони во земјата.

Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increase Market Employability)

Програмата за зголемување на пазарната вработливост има за цел зајакнување на бизнис- секторот во Македонија, подобрување на квалитетот на производите и услугите кои се нудат, проширување на пазарите и создавање поповолна бизнис средина во три избрани сектори: туризам, креативна индустрија и зелена (еколошка) економија. Главни цели на активностите на ИМЕ Програмата се зголемување на приходите на мажите и на жените, а особено на младите, преку зголемување на конкурентноста на малите бизниси во клучните сектори и кај земјоделците.

СиРеРа

Согласно претходно изработена детална Физибилити студијата, структура на Системот се состои од четири компоненти и четири под- компоненти за документи, стратегии, човечки ресурси, финансии, показатели за мониторинг, проекти на локално, регионално и национално ниво. Системот е предвиден како електронска платформа која ќе служи како алатка на Советот за рамномерен регионален развој при креирање и спроведување политики.

Втор пакет мерки за подобрување на конкурентноста на македонската економија

Во март 2015 година, на предлог на Националниот совет за претприемништво и конкурентност (НСПК) Владата усвои Втор пакет мерки за подобрување на конкурентноста на Република Македонија. Пакетот содржи 32 мерки во 9 области насочени кон унапредување на пристапот до финансии, ликвидноста, продуктивноста, вештините и образованието на вработените, транспортот, регулативата и бизнис опкружувањето, како и иновациите и технолошкиот развој на македонските компании.

Национална стратегија за конкурентност на македонската економија

Конкурентноста на македонската економија, производство на производи со додадена вредност и зголемена продуктивност на македонските компании се основа за раст и развој на националната економија. Поаѓајќи од ова, Стратегијата за конкурентност на македонската економија дефинира седум области на делување: бизнис опкружување, претприемништво и развој на МСП, извоз и интернационализација, странски директни инвестиции, вештини и претприемничка работна сила, индустриска политика и пристап до финансии.


Pages

Subscribe to RSS - Проекти