Проекти

Едношалтерски систем за бизнис лиценци и дозволи

Во земјава постојат неколку едношалтерски системи кои функционираат за различни намени (регистрирање на компанија, издавање на дозволи за градба, издавање на дозволи за извоз - увоз, регистрирање на работници...). Преку оваа реформа се предвидува интегрирање на веќе постоечките едношалтерски системи под еден „чадор систем“, а дополнително ќе им се помогне на институциите кои немаат да воспостават едношалтерски системи за електронско издавање лиценци и дозволи.

Локална и регионална конкурентност во областа на туризмот

Оваа програма вклучува реализација на видливи проекти со високо ниво на влијание врз развој и унапредување на туризмот, како што се: изградба и реконструкција на локална инфраструктура, ревитализација на објекти од културно наследство, поддршка за развој на туристички услуги и унапредување на туристичката понуда, промоција на македонските туристички дестинации и културно наследство, градење на препознатлив туристички имиџ со воведување на светски стандарди во туристичко- угостителските услуги и сл. Проектот е во вредност од околу 21 милион евра и е финансиран во соработка со Европската Комисија и Светска Банка преку секторот за Конкурентност и Иновации во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за периодот 2014-2020 година

 

 

----------------------------------------------- Проект за локална и регионална конкурентност во туризмот (ПЛРКТ) во Македонија

 

 

Кабинетот на заменикот на претседателот на владата за економски прашања (КЗПВЕП) го најавува Проектот за локална и регионална конкурентност во туризмот (ПЛРКТ) во Македонија. Проектот ќе биде финансиран со дотација од Европската Унија во рамки на Програмата ИПА II.

 

За таа цел има намера да спроведе постапка за ангажирање на индивидуални консултанти за потребите на овој проект.

Детален опис на задачи за консултантските услуги кои се бараат се објавени на веб страната на Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања http://www.vicepremier-ekonomija.gov.mk.

 

 

Pages

Subscribe to RSS - Проекти