Најави

Известување

30 ноември, 2017 година

Ве известуваме дека утре, на 30 ноември 2017 година (четврток), д-р Кочо Анѓушев, Заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања ќе присуствува на два настани.

Во 10:00 часот во конгресната сала 1 во хотелот „Александар Палас“, вицепремиерот Анѓушев ќе се обрати на „Бизнис форумот на странските инвеститори и домашни компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи“, во организација на Стопанската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори.

Известување

26 ноември, 2017 година

Ве информираме дека на 26 ноември 2017 година (недела), д-р Кочо Анѓушев, Заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе одржи прес конференција на која ќе презентира дел од ставките предвидени за економски развој во предлог буџетот за 2018 година.

Прес конференцијата ќе започне во 14:00 часот, а ќе се одржува во медиа центарот на Владата на Република Македонија.

Известување

22 ноември, 2017 година

Почитувани,

Ве информираме дека на 22 ноември 2017 година (среда), д-р Кочо Анѓушев, Заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе присуствува и ќе се обрати на презентацијата на Конфиндустрија Македонија.

Известување

15 ноември, 2017 година

Почитувани,

Ве информираме дека Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев денес е трет ден во официјална посета на Вашингтон, САД и потсетуваме дека посетата ќе трае до 16-ти ноември 2017 година.

Известување

14 ноември, 2017 година

Почитувани,

Ве информираме дека Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев денес е втор ден во официјална посета на Вашингтон, САД и потсетуваме дека посетата ќе трае до 16-ти ноември 2017 година.

Pages

Subscribe to RSS - Најави