Проекти

Учиме од бизнис заедницата

Владата на Република Македонија постојано спроведува низа активности, мерки и проекти со цел унапредувањето на деловната клима, бизнис опкружувањето и конкутентноста. Оттука, одржувањето на континуиран дијалог со бизнис заедницата е еден од приоритетите на Владата. Во таа насока, во изминатите години успешно беа спроведени и реализирани, а во тек се спроведуваат и голем број на проекти, меѓу кои е и проектот “Учиме од бизнис заедницата” кој започна во 2010 година, под називот „Посета на 150 компании“.

 

Енергетска ефикасност во индустриски менџмент

Има за цел да ја подобри конкурентната позиција на македонските индустриски компании преку имплементирање на системи за мониторинг и управување со потрошувачка на енергија во нивните производни погони. Преку ваквиот стандардизиран, систематски и континуиран пристап во управувањето со енергија се заштедува енергија и се намалуваат трошоците на производство.

Инвестиции во чиста енергија

Проектот за инвестиции во чиста енергија се надоврзува на тековните активности за Проектот НЕРС (LEDS) - ниско-емисиони развојни стратегии  - НЕРС.  Проектот за инвестиции во чиста енергија е тригодишен проект, кој започна во април 2013 и е насочен кон поддршка на Владата на Република Македонија во процесот на подобрување на деловното опкружување во областа на обновливи извори на енергија.  Главната цел е унапредување на економскиот развој, зголемување на инвестициите во производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, намалување на вкупната потрошувачка на енерг

Нискоемисиони развојни стратегии НЕРС (Low emission development strategies - LEDS)

Целта на НЕРС е да ги поддржи и подобрува развојните програми, планови и мерки кои се дел од стратешките документи од областа на енергетиката, при тоа да се надгради институционалниот капацитет со цел квалитетна подготовка и имплементација на стратешките и планските документи од областа на енергетиката, а во исто време соодветно да се справи со климатските промени.

Pages

Subscribe to RSS - Проекти