Втор пакет мерки за подобрување на конкурентноста на македонската економија

Во март 2015 година, на предлог на Националниот совет за претприемништво и конкурентност (НСПК) Владата усвои Втор пакет мерки за подобрување на конкурентноста на Република Македонија. Пакетот содржи 32 мерки во 9 области насочени кон унапредување на пристапот до финансии, ликвидноста, продуктивноста, вештините и образованието на вработените, транспортот, регулативата и бизнис опкружувањето, како и иновациите и технолошкиот развој на македонските компании. Реализацијата на мерките е започната и во 2016 година ќе продолжи да се следи преку заедничка соработка и промовирање на одржлив трипартитен дијалог помеѓу бизнис заедницата, академската заедница и Владата


АКТУЕЛНОСТИ: