Средба помеѓу владините делегации од Северна Македонија и Србија во Познањ: До крајот на јули имаме цел да го отвориме One Stop Shop на границата, граѓаните најмалку двојно помалку да чекаат

5 јули 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и премиерката на Република Србија Ана Брнабиќ, денеска остварија средба на маргините на Самитот за Западен Балкан што се одржа во Познањ во Полска. 

Претседателите на владите на двете земји разговараа за забрзување на динамиката на финализирање на работите на One Stop Shop пунктот на граничниот премин Табановце за што ќе биде наменет и дел од грантот во висина од 2,8 милиони евра, од вкупните 42,7 милиони евра што Република Северна Македонија ги доби на Самитот во Познањ во рамките на Берлинскиот процес, кој претставува платформа за европски дијалог и соработка, која дава поддршка на политиката на проширување на ЕУ на земјите од регионот.
Како дополнителни приоритети, премиерите Заев и Брнабиќ ги издвоија и проектот за авторизирани економски оператори, кои Северна Македонија и Србија ги воведуваат како први земји во регионот и од кои се очекува да се олесни трговската размена, како и да се постават повисоки стандарди во регионот, комплементарни со оние на ЕУ, кога станува збор за раст на трговијата во регионалната соработка.
Претседателите на Владите на Северна Македонија и на Србија ја поздравија и започнатата соработка и во размена на искуства и ноу-хау во дигиталните технологии, од кои посебно внимание ќе биде посветено на соработката за размена на искуства во сферата на дигиталните сервиси и владините веб страници со оглед на модерните веб решенијата кои ги има српската Влада, и кои можат да ги подобрат владините веб страни на Северна Македонија да станат уште повеќе услужно ориентирани кон граѓаните.

Линк до видео: 

 

English
АКТУЕЛНОСТИ: