Од 70-тата седница на Владата: Кафетериите и рестораните, наместо до 22:00 часот, ќе работат според работно време утврдено во нивните лиценци; Од 0,15 на 0,04 проценти се намалува финансирањето на политичките партии

19 јуни 2020

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 70-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести, донесе измени на Протоколот за отворање и работа на кафетериите и на Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана со кои овие објекти сега ќе можат да работат според работното време утврдено во нивните лиценци за работа, наместо до 22:00 часот како што до сега беше определено со овие протоколи. Измените на овие протоколи стапуваат во сила со денот на нивното објавување во „Службен весник“.

English

Вицепремиерката Царовска и директорот Каевски во посета на Крушево – Со поддршка на Владата се реализираат проекти со кои се поттикнува локалната и регионалната економија

19 јуни  2020


Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, придружувани од градоначалникот на Крушево, Томе Христоски,  денес реализираа работна посета на овој град при што извршија увид на тековни и неодамна завршени проекти, кои се реализiраат со поддршка на Владата, Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за млади и спорт.

English

Завршен јавниот повик „Стартапувај 2“ на ФИТР – 53 микро и мали компании ќе бидат поддржани со 1,5 милиони евра од државата

19 јуни 2020


Заменичката на претстедателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, на настан кој се организираше преку електронската апликација „Zoom“, ги објавија добитниците на кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“, преку јавниот повик за „Стартапувај 2“ на ФИТР.

English

Филиповска-Грашкоска: Уредбите, одлуките и протоколите треба и мора да се почитуваат, здравјето на граѓаните е најважно

18 јуни 2020


Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска денеска на редовна прес-конференција информираше за активностите и надзорите на шесте инспекциски служби во периодот од 10-16 јуни. Во овој период се извршени вкупно 6.188 вонредни инспекциски надзори, во врска со сите усвоени акти на Владата за спречување на ширењето на коронавирусот.

English

Манчевски и Адеми: Обезбедени ваучери за дигитални вештини за млади до 29 години

18 јуни 2020


Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот за образование и наука Арбер Адеми, на денешната прес-конференција ја презентираа уредбата за доделување на ваучери на млади лица за обуки за дигитални вештини.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS