Четвртиот пакет економски мерки е обемен и вклучува поддршка и помош за најпогодените сектори и категории на граѓани, членовите на ЕСС се задоволни од неговиот опфат

26 септември 2020


Економско-социјалниот совет денеска ја одржа својата втора седница предводена од министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска како претседателка, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и останатите членови на ЕСС.

Undefined

Стопанските комори задоволни од мерките предвидени во четвртиот пакет за поддршка на компаниите и граѓаните и што голем број од нивните сугестии и предлози се прифатени

25 септември 2020


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши ги презентираа главните контури на четвртиот пакет мерки за поддршка на компаниите и граѓаните за ублажување на последиците од пандемијата со КОВИД-19 пред претставниците на стопанските комори во земјата.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи и министерот за економија Бектеши на средба со словенечкиот вицепремиер Почивалшек – Словенија и Македонија се пријателски земји со солидна економска соработка, треба да работиме да ги зголемиме инвестициите во двете насоки

25 септември 2020


Во рамките на официјалната посета на делегацијата предводена од Претседателот на Словенија Н.Е. г. Борут Пахор, Вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, го пречекаа словенечкиот колега, вицепремиерот и министер за економски развој и технологија Здравко Почивалшек, со кого дискутираа за економската соработка помеѓу двете земји и за можностите оваа соработка да се унапреди дополнително.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи се сретна со францускиот амбасадор Тимоние – Благодарност за континуираната поддршка од Република Франција за евро-атлантските интеграции на нашата земја

25 септември 2020


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски  прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се сретна со амбасадорот во заминување на Република Франција, Н.Е. г. Христијан Тимоние, на кого му се заблагодари за континуираната поддршка во текот на целиот амбасадорски мандат за спроведувањето на евро-интеграциските процеси на нашата земја.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS