Започнува имплементацијата на четвртиот пакет економски мерки – Развојната банка на Република Северна Македонија објави јавен повик до компаниите за продолжување на грејс периодот за отплата на бескаматните кредити од Ковид 1 линијата

8 октомври 2020

Во интерес на развојот на економијата и правовремено известување на бизнис секторот и целокупната јавност, би сакале да известиме дека Развојната банка на Република Северна Македонија на својата веб-страница објави јавен повик, со кој се понудува можност на компаниите-корисници на кредити од првата бескаматна кредитна линија Ковид 1, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за дополнителни три месеци.

Јавниот повик на кој компаниите ќе можат да аплицираат, ќе трае во наредните 7 дена, односно ќе заврши заклучно со 14 октомври 2020 година, а може да се најде на следниот линк: https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti/668-javen-povik-do-kreditokorisnicite-na-kovid1

Владата на Република Северна Македонија и државните органи остануваат да бидат искрен партнер на стопанството и граѓаните и да креираат мерки кои ќе одговорат на реалните потреби на бизнисот и на граѓаните. Зголемувањето на грејс периодот за отплата на кредитите од Ковид 1, ќе им обезбеди дополнителна ликвидност на компаниите во четвртиот, последен квартал од 2020 годна, за полесно справување со социо-економската криза.
Би сакале да потсетиме дека бескаматната кредитна линија Ковид 1 на РБРСМ во вредност од 5,5 милиони евра, беше наменета за најпогодените дејности на почетокот на ковид кризата, односно за угостителската, транспортната и туристичката дејност.
Од оваа линија беа одобрени 737 кредитни апликации на компании кои вработуваат вкупно 6.509 лица. Од вкупниот број на компании  77% се микро претријатија, 21% мали фирми, додека околу 2% од корисниците се компании со средна големина.

Практично, со оваа мерка, преку Развојната банка на Република Северна Македонија, на постоечките корисници на кредитни линии од оваа банка, ќе им бидe обезбедена можноста за продолжување  на грејс периодот и периодот за отплата на кредитот за 3 месеци, пред да започнат со исплата на ануитетите од земените кредити.
Четвртиот пакет на мерки има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и да се заштитат што е можно поголем број на работни места за граѓаните, да се помогне закрепнувањето на одредени дејности, да се обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да обезбеди политики кои ќе помогнат спроведување на брза излезна стратегија кога кризата ќе заврши, за да продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија.
 

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: