Вицепремиерот Битиќи на првиот состанок на платформата „За татковината со љубов“– Ова е советодавно тело за економски стратешки размислувања за доброто на државата, заедно да креираме одржлива економија на долг рок

2 декември 2020


„Политики коишто резонираат со потребите на реалниот сектор и на потребите на граѓаните како  и наоѓање на системски решенија за решавање на проблемите се вредности по кои се водам при секојдневното донесување на одлуки. За да сме сигурни дека решенијата и политиките се одржливи и соодветни, сметам дека е од исклучителна важност тие да се донесени преку инклузивен процес на сите засегнати страни“, потенцираше во своето воведно излагање на првиот состанок на Платформата  „За татковината со љубов“, вицепремиерот за економскипрашања Фатмир Битиќи.

Платформата „За татковината со љубов“, е иницирана токму од заменикот на претседателот на владата задолжен зае кономскипрашања, координација на економските ресори и инвестиции, за поголемавклученост на експертската јавност и професионалците од сите економски сфери во носењето на државните политики и отворање на вратата за сите добронамерници коишто сакаат да придонесат за економскиот развој на Северна Македонија.
 
„Вредноста на инклузивноста и намерата за стратешко среднорочно и долгорочно планирање на економскиот развој е отсликана во платформата „За татковината со љубов“.  Таа ќе претставува советодавно тело кое ќе служи за доброто на државата и ќе има за цел – економски развој, креирање на предвидлива бизнис клима и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Преку оваа Платформа ќе се обединат и ќе дискутираат водечките економски експерти во земјава од повеќе различни области: макроекономија, јавни финансии, даноци, инвестиции, царина, претприемништво,  човечки капитал, стратешко планирање и др. Оваа платформа ќе биде ризница на знаење и искуство од домашни експерти и истата нема да прави поделба по политичка, родова, етничка или било каква припадност, напротив ќе спојува, создава и движи напред во насока кон одржлив и стабилен економски развој“, нагласи Битиќи.
 
Вицепремиерот посочи дека идејата е преку оваа Платформа да се соберат најдобрите економски умови коишто мислат добро на државата и преку заеднички влог да се креира нашата иднина. 

„Чест ми е што ќе работиме заедно за доброто на нашата татковина“ – истакна Битиќи.

Во ова неформално тело, покрај вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, поканети се да даваат свои мислења и да дискутираат поранешни министри, универзитетски професори, економски експерти од граѓански организации и стопанственици, без разлика на нивната политичка наклонетост, родова или етничка припадност, за да се креираат најдобри можни системски решенија, стратегии, политики и мерки за побрз и одржлив економски раст и развој.

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: