Известување и образец за дозвола за движење за време на полициски час од 22:00 часот до 05:00 часот наредниот ден од 10-22 март 2021

Владата на вчерашната седница донесе одлука со која се ограничува движењето во перидот од 22.00 – 05.00 часот наредниот ден од 10 – 22 март 2021 година.

По исклучок комапаниите кои работат во смени ќе може да издадат дозвола за движење на своите вработени.

Дозволата за движењето на работникот во услови на воведен ограничено движење час ќе важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена, од компаниите кои се регистрирани за работа во смени. Производствените капацитети и другите компании кои работат во ноќна смена во времетраење на ограниченото движење, потребно е образецот да го внесат на нивен меморандум, со потпис и печат од одговорното лице во правното лице.

Работодавачите кои имаат работници во ноќна смена и за тоа се регистрирани, должни се да го известат Државниот инспекторат за труд, во услови на работа за време на полицискиот час, Министерството за внатрешни работи и да ја испратат дозволата на  info_zpvrsm@gs.gov.mk .

Допис за дозвола работа во смени и Т1 дозвола (превземи) 

Образец Дозвола (превземи)

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: