Заев:Инвестицијата на „Магна“ во Струга е потврда за добрите економски политики на Владата, планирани се над 1.200 работни места

30 јуни 2021


 

„Канадската компанијата „Магна“, донесе одлуката да инвестира и отвори фабрика во Северна Македонија, пред сѐ поради добрата и предвидлива деловна клима во земјава која ги задоволува долгорочните цели на компанијата“, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање по повод новата инвестиција на „Магна Интернационал“ кој ќе отвори фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга.

На презентацијата на инвестицијата, присуствуваа и министерот за економија Крешник Бектеши, градоначалниците на Охрид и Струга, како и претставници на раководството на „Магна“.
 
Премиерот Заев истакна дека инвестицискиот циклус на „Магна“ започна во март 2021 и ќе трае до 2026 година, а објектот кој ќе се гради ќе биде со големина од  околу 17.000м2.
 
„Производството на првите производи од Северна Македонија, ретровизори за „Дачиа Дастер“ е планирано кон крајот на 2021 година. Согласно договорот за државна помош, висината на инвестицијата изнесува најмалку 35 милиони евра. Согласно договорот, висината на државната помош е 50% од реализираната инвестиција која ќе се имплементира преку даночни и царински ослободувања како и грантови за отворање нови работни места, за оправдани инвестициски трошоци и за конкурентност.

Во моментот веќе се вработени 40 лица, а согласно договорот за државна помош ќе бидат вработени 300 наши сограѓани. Според бизнис планот на компанијата во наредните 10 години се планирани над 1.200 работни места. Новата инвестицијата во Струга е уште една потврда за заложбите на оваа Влада за рамномерен регионален развој  за нови добро платени работни места, а со тоа и нов стимул за нашата економија. Ова е прилика да упатам и од ова место порака до инвеститорите, да ги искористат можностите и да го вложат својот капитал во Северна Македонија. Владата креира поволен деловен амбиент и еднакви услови како за домашните така и за странските инвеститори“, рече Заев во своето обраќање.
 
Премерот подвлече дека придобивките од оваа инвестиција се бројни, а една од нив е интензивирање на соработката со домашните компании.
 
„За таа цел започнат е процес на идентификување на локални добавувачи од Северна Македонија кои би се вклучиле како потенцијални добавувачи на суровини за „Магна“, но и за останатите компании. Ваквата соработка со локалните компании има силен придонес за севкупната економија во државата. Владата ги поддржува инвестициите кои креираат висока додадена вредност, имплементираат современа технологија, нови работни места, извезуваат, го раздвижуваат деловниот амбиент и придонесуваат во развојот на економијата“, рече Заев.
 
Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони рече дека компанијата „Магна“ ќе им донесе добар стандард и можност за успешна кариера на над 1.200 наши сограѓани, особено млади луѓе.

„Со вложување во вакви технолошко напредни компании кои носат повисоки плати им обезбедуваме пристоен живот и шанса за успешна кариера овде дома. Со менаџментот на „Магна“ веќе разговараме и за проширување на инвестицијата и ќе се ангажираме тоа да се оствари. Со новиот концепт на привлекување инвестиции кој изминативе неколку месеци го применува ТИРЗ, успеавме да поттикнеме интерес кај повеќе од 30 компании за обем на инвестиции над 425 милиони евра, кои ќе донесат и нови 8.500 работни места. Ова е доказ дека инвеститорите ги препознаваат инвестициските мерки на Владата со кои креираме нова развојна економска политика и поволна бизнис клима. Целта е да одиме напред со инвеститори кои растат заедно со државата“, рече Деспотовски.
 
Потпретседателот на компанијата „Магна“, Дејвид Креспи, ја презентираше новата инвестиција во Струга и рече дека „Магна“ има 160.000 вработени низ светот, присутна е во 21 земја со 350 производни погони. Бизнисот освен во Северна Америка и Европа, веќе го шири и на азискиот пазар. Во 2020 година остварила 33 милијарди долари обрт, а во 2019-та вкупно 40 милијарди.
 
На настанот во своите обраќања младите инженери вработени во  „Магна“, Кристина Добревска и Мишо Велјаноски упатија мотив за сите идни заинтересирани за професионален развој согласно современи стандарди.

 

 

Линк до видео инсерти од настанот:

 

Линк до видео од обраќањето на премиерот Заев:

 

Линк до видео од обраќањето на директорот Деспотовски:

 

Линк до видео од обраќањето на вработените млади инженери:

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: