Вицепремиерот Анѓушев на работен појадок со Канцеларот Курц и премиерите од Западен Балкан: Да ги зајакнемеврските регионално за полесна соработка со ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев денеска присуствуваше на официјален работен појадок кој го организираше Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц за премиерите од Западен Балкан кои ќе учествуваат на 15-тиот Виенски економски форум.
Како главна тема на којашто разговараа Канцеларот Курц и лидерите од Западен Балкан, се издвои регионалната соработка која има важна улога во процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, начините за нејзино унапредување преку процеси на дигитализација, поврзување и економската соработка.

По завршувањето на официјалниот дел од работниот појадок се одржа заедничка прес-конференција на којашто се обратија Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, Комесарот за европска соседска политика и проширување, Јоханес Хан, Комесарката за дигитална економија и општество, Марија и Габриел, премиерите од Западен Балкан и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев.
Канцеларот Курц изрази голема поддршка за земјите од Западен Балкан за процесот на ЕУ интеграција посочувајќи ја регионалната соработка како клучен сегмент кој ќе го забрза зачленувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ и еден од приоритетите на австриското претседавање со Европската Унија.
Во таанасокабеше посочена важноста од продолжување на иницијативата за формирање на регионална економска област како прв чекор во понатамошното интегрирање во единствениот европски пазар.
На прес-конференцијата се обратија и премиерите на земјите од Западен Балкан кои зборуваа за приоритетите и следните чекори кои ги преземаат во насока на интензивирање на регионалната соработка.

„Да се биде мала земја во регионот значи да се води сметка за економијата и за подобар живот на граѓаните. Подобар животен стандард за граѓаните може да обезбедиме само преку подобрување на економијата, штоподразбира обезбедување државна финансиска помош, владеење на правото и законите, како и стабилност во земјата. Стабилна држава, особено за мала земја како Македонија, значи интеграција во подобар безбедносен и европски систем. Токму поради оваа причина, нашата земја ќе биде посветена на овој процес, ќе ги вложиме нашите најдобри напори за да ја завршиме нашата домашна задача, но и за да обезбедиме подобар живот за нашите граѓани. Да покажеме повеќе капацитет за регионална соработка, меѓу нашите држави, особено ако сакаме да имаме подобра соработка во Европската унија во иднина“, порача вицепремиерот Анѓушев на заедничката прес-конференција на којашто се обратија Канцеларот на Австрија Курц, Комесарите на ЕУ, Хан и Габриел и премиерите на земјите од Западен Балкан по повод одржувањето на 15-иот јубилеен Виенски економски форум.

Линк од видео:

English
АКТУЕЛНОСТИ: