Вицепремиерот Aнѓушев на свеченото отпочнување на Програмата за конкурентност на мали и средни претпријатија на ЕБОР – обезбедени 36 милиони евра европски средства за развој на компаниите

29 март 2019

Вкупно 36 милиони евра изнесува поддршката за малите и средни претријатија, која се овозможува преку Програмата за конкурентност на Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој, средства кои се обезбедени од ЕБОР и ИПА средствата од ЕУ наменети за Република Северна Македонија.

Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев истакна дека преку оваа програма се обезбедуваат неповратни средства, грантови од Европската Унија во вредност од 6 милиони евра, како и кредити во вредност од 30 милиони евра, обезбедени од ЕБОР, за поддршка на конкурентноста на малите и средните претријатија кои работат во Република Северна Македонија.

„Од вкупната вредност на грантот, 1,5 милиони евра се наменети за консултантски услуги за потребите на компаниите, за полесно да аплицираат за поддршка и да подготват соодветен бизнис план, додека 4,5 милиони евра се наменети за директна поддршка за компаниите, како 15% неповратни средства од кредит за кој компаниите аплицираат. Практично, ако некоја компанија аплицира за кредит во вредност од 1 милион евра и тој износ биде одобрен, 150.000 евра би биле средства кои не треба да се враќаат и на кој не се пресметуваат камати. Сметаме дека  оваа програма обезбедува значајна поддршка за малите и средните претријатија, да тие продолжат да се развиваат. Нашата економија, во поглед на бројноста на компаниите, се заснива токму на малите и средни компании, а со оваа програма се овозможува поддршка за обновување на технологијата и подигнување на конкурентноста на пазарите. Се надеваме дека оваа поддршка ќе им овозможи на малите и средни компании поголеми можности за соработка со поголеми компании и пробивање на странски пазари. Нашите компании мора да бидат извозно ориентирани, за тоа е потребно да имаат модерна технологија, а со тоа ќе постигнат висока продуктивност, соодветен квалитет и ниски цени“, потенцираше вицепремиерот Анѓушев.

Претставникот на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, г-дин Фреик Јанмаат, рече дека Северна Македонија се надева на отворање на преговори за членството во ЕУ и токму затоа Унијата, како и во сите други случаи главен фокус во претристапните преговори става на реформите во три клучни области: владеење на правото, реформите во јавната администрација и економското владеење, при што дополни дека оваа Програма е дел токму од третата клучна област.

„Оваа програма всушност е надополнување на друга заедничка програма на ЕУ и ЕБОР за поддршка на мали и средни претпријатија која се покажа како успешна во регионот на Западен Балкан. Оваа програма се одвиваше во периодот 2010-2015 и им дозволи на 74 локални мали и средни претпријатија да искористат околу 20 милиони евра во заеми и 3 милиони во грантови за подобрување на здравјето и безбедноста на работа, за заштита на животна средина, подобрување на квалитетот на производи и воведување нови производи. ЕУ исто така ја помага државата да креира поволни услови преку Европската инвестициска банка. Минатата година во септември, ние воспоставивме кредитна линија за МСП од вкупно 100 милиони ЕУР. Во изминатите 10 години преку ЕИБ, ЕУ на малите и средни претпријатја во земјата ѝм овозможи кредити во вредност од повеќе од 670 милиони евра“, дополни Јанмаат.

Малите и средни претпријатија претставуваат 95% од вкупно регистрираните претпријатија во земјата и генерираат околу 75% од работните места во државата. Сепак и покрај нивната доминантна позиција во економијата локалните мали бизниси страдаат од недостигот на пристап до финансии и се соочуваат со неколку пречки за надградување на работите и да станат конкурентни на пазарите, рече во своето обраќање Анка Јоана Јонеску, директор на ЕБОР во Северна Македонија.

„Примателите на кредитите според програмата ќе може да инвестираат во унапредување на нивните производни капацитети, подобрување на квалитетот на производите, ефикасност на ресурите, заштита на животната средина и се тоа во согласност со стандардите на ЕУ. Локалните МСП ќе добијат и ЕУ-ИПА грант за инвестиции од 15% од нивната инвестиција по спроведувањето. МСП може да имаат корист и од деловни совети што ќе им ги даваат експерти од ЕБОР финансирана од ЕУ, со што ќе им се овозможи на компаниите да ги подобрат вештините и знаењето, да ги подобрат своите резултати и раст. Пристапот до вештини и знаење се дава во неколку области: стратегии, операции, маркетинг, производство, менаџмент, промовирање на извоз, финансиска контрола и ефикасност на ресурсите“, нагласи Јонеску.

Кредитите ќе бидат достапни преку три комерцијални банки кои имаат потпшано договори со ЕБОР: Шпаркасе, Охридска и Комерцијална банка.

 

Линк до видео од обраќањето на вицепремиерот Анѓушев, претставникот на Делегацијата на Европска Унија Јанмаат и директорката на ЕБОР Јонеску: 

English
АКТУЕЛНОСТИ: