Прашање 8

Прашање 8: Во кој рок треба да се достават пресметките за придонеси за плата за да можат да ја користат мерката? Немало во Уредбата дефинирано дали останува до 5-ти во тековниот месец, за претходниот месец како што првично било објавено на прес.Исто така, за Член 9 од Уредбата, прва алинеја не дефинира дали резултатот од работењето од 2020 треба да биде позитивен или негативен, односно дали ќе биде добивка или загуба, па да знаат дали ќе треба да враќаат средства назад во буџетот.

 

Одговор: Во однос на рокот за поднесување на МПИН образецот за пресметка на плата, во член 5 точка 5 од самата Уредба за мерката за финансиска поддршка, е наведено дека Роковите за поднесување на МПИН образецот до Управата за јавни приходи и исплатата на платата, данокот на доход и социјалните придонеси е уредено согласно постоечките закони за исплата на плата.

Во однос на враќањето на средствата, во член 7 од Уредбата е наведена обврската за враќање на средствата.

Работодавачот кој го искористил правото на финансиска поддршка за исплата на плати, има обврска примените финансиски средства да ги врати во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат за 2020 година зголемен за износот на оданочивите расходи и помалку искажаните приходи во Даночниот биланс за обврзниците на данокот на добивка.

Работодавачот кој има негативни резултати во работењето, а го искористил правото на финансиска поддршка нема обврска да ги врати средствата.

English