Прашање 21

Прашање 21: Може ли да ми го објасните делот со користењето на годишен одмор? Дали доколку имаме премногу работа, а вработениот бара одмор кој што во моментот не можеме да му го дадеме, имаме право на тоа?

 

Одговор: Со Уредбата за примена на Законот за работни односи за време на вонредна состојба се регулира користењето на годишните одмори на вработени во приватниот сектор.

За работниците вработени во приватниот сектор опфатени  од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, неискористениот дел од годишниот одмор, односно неискористениот годишен одмор  од календарската 2019 година, да се искористи до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.

За работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус  COVID-19, делот од годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во  траење од две непрекинати работни недели, да го искористат  до 30 јуни 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.

Работодавачот има право да даде или да не даде годишен одмор согласно потребите на работниот процес.

English