Почетна

Имаме најниски цени на нафтените деривати во регионот и најниска цена во изминатите 10 години, промената на цената на акцизата нема никаков негативен ефект врз транспортната дејност

28 април 2020


Владата на Република Северна Македонија го уважува демократското право на протест на сите граѓани во земјата, но ја информира јавноста дека цената на акцизата на нафтата не предизвика никаков ценовен шок, напротив, имаме најниска цена на нафта во регионот и најниска цена во изминатите 10 години. 

English

Владата со олеснување за компаниите: Ќе важат старите дозволи за движење на работниците до работа и при промена на времето на полицискиот час

25 април 2020

Компаниите повеќе нема да треба да издаваат нови дозволи за движење на работниците до работните места со секоја промена на режимот на движење и периодот на траење на полицискиот час, туку ќе важат веќе издадените дозволи. 

English

Силно темпо на изградба на патишта, гасоводот, комуналната мрежа и железницата

25 април 2020


„Капиталните инвестиции не запираат и во време на оваа пандемија, проектите се во тек а градежните работи се одвиваат непречно. Имаме добра реализација на капиталните инвестиции во ресорот транспорт. Интензивно се работи на патиштата, на водоводи и канализации, се гради гасоводот и нови социјални станови“, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески на денешната прес-конференција.

English

Претседателката на Инспекцискиот совет Филиповска-Грашкоска: Во изминатиот месец направени се 33.173 надзори од инспекциските служби, најголем дел од правните лица ги почитуваат одлуките на Владата

24 април 2020


Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска, на денешната прес-конференција во Владата ги презентираше наодите од шест инспекциски служби во надлежност на Советот, коишто во периодот од 19 март до 21 април имаат извршено 33.173 надзори, со цел да гарантираат целосно почитување на одлуките, мерките и препораките на Владата за заштита од коронавирусот КОВИД-19.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна