Почетна

Премиерот Заев и вицепремиерите Османи и Анѓушев во Струга: Вредно е да застанеме заедно, да ги мотивираме младите луѓе да работат во Македонија и да бидат движечка сила

18 мај, 2018 година

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев по пристигнувањето од Самитот на ЕУ за земјите од Западен Балкан во Софија, заедно со вицепремиерите за економски прашања и за европски прашања Кочо Анѓушев и Бујар Османи, учествуваше на трибина „Млади МК-ЕУ, можности без граници“ организирана од RYCO – Регионална канцеларија за соработка на млади, Центарот на заедницата на општина Струга и Здружението Аква, во соработка со Владата на Република Македонија.

English

Вицепремиерот Анѓушев од самитот ЕУ-Западен Балкан – преку регионална соработка на земјите од Западен Балкан побрзо до Европската унија

18 мај, 2018 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, учествуваше на „Стратешкиот дијалог за Западен Балкан“, настан во организација на Светскиот економски форум (World Economic Forum WEF) и на „Виенскиот економски форум“ (Vienna Economic Forum), настани во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан кој се организира во Софија.

English

Вицепремиерот Анѓушев во посета на фабриката на Џонсон Мети –поддршка за странските компании и за зголемување на соработката со домашните добавувачи

16 мај, 2018 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, реализираше работна посета и средба со менаџментот на компанијата Џонсон Мети, која работи во технолошко индустриската развојна зона Бунарџик.

English

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во посета на Кромберг и Шуберт: Силна поддршка од Владата за странските компании

13 мај, 2018 година

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев придружувани од градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска и пратениците Александар Кирацовски и Горан Милевски во текот на вчерашниот ден беа во посета на компанијата Кромберг и Шуберт којашто работи во индустриската зона Жабени.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна