Почетна

Од 21 седница на Владата: Ќе се набават дополнителни количини брзи антигени тестови за КОВИД-19; Дел од Осоговските Планини и од Водно се прогласени за заштитено подрачје во категорија V - заштитен предел

17 ноември 2020


Владата на Република Северна Македонија на денешната 21 седница го задолжи Министерството за здравство да спроведе постапка за јавна набавка на брзи антигени тестови за потребите на јавните здравствени установи со спроведување на постапка на преговарање без објавување оглас согласно членот 55 став (1) точка 6) од Законот за јавните набавки, според кој оваа постапка може да се спроведе „доколку поради крајна итност, предизвикана како резултат на настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди, роковите за другите постапки не може да се применат“.

Undefined

Битиќи на Глобалната недела на претприемништво – За прв пат во земјава ќе креираме Стратегија за развој на стартап екосистемот, за Северна Македонија да стане стартап хаб во регионот

17 ноември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, учествуваше на отворањето на настанот со кој се одбележа почетокот на Глобалната недела на претриемништво, во организација на „Стартап Македонија“, а кој се одржа преку видео конференциска врска.

Undefined

Битиќи на Виенскиот економски форум – Главен предизвик во овој период е да најдеме вистинска рамнотежа помеѓу здравствените и економските мерки, но и способноста да погледнеме подалеку, во пост-ковид периодот

16 ноември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес се обрати на 17-то издание на Виенскиот економски форум, кој поради состојбата со пандемијата предизвикана од коронавирусот Ковид 19, оваа година се одржа преку видео конференциска врска.

Undefined

Средба Битиќи – Тигањ: Република Хрватска е линкот помеѓу ЕУ и Западен Балкан, да работиме на заеднички политики за да ја унапредиме конкурентноста на регионот

13 ноември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ја прими амбасадорката на Република Хрватска во нашата земја, Н.Е. Нивес Тигањ, со која разговараа за економските односи помеѓу земјите, поддршката од Хрватска на патот кон ЕУ и активности за зголемување на трговската размена и подобрување на контактите помеѓу компаниите од двете земји.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна