Почетна

Вицепремиерот Битиќи на средба со грчкиот амбасадор Јанакакис – Грција ќе ја поддржи Северна Македонија на европскиот пат, со почитување на договорот од Преспа да ја унапредуваме економската соработка

13 ноември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес оствари средба со амбасадорот на Република Грција, Н.Е. Димитрис Јанакакис, со кого разговараа за тековната економска соработка помеѓу двете соседни земји и проекти со кои дополнително ќе се унапреди соработката.

Undefined

Од 20-тата седница на Владата: Утврден текстот на меморандумот за разбирање со Европската банка за обнова и развој за соработката за поддршка за членство во Европската Унија

12 ноември 2020


Владата го разгледа и го усвои Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Европската банка за обнова и развој, кој се однесува на соработката за поддршка на процесот за членство во Европската Унија и го овласти претседателот на Владата, Зоран Заев, да го потпише Меморандумот.

Undefined

Премиерот Заев и министерот Бектеши: Финансиска поддршка за 400 компании во износ од 17.2 милиони за инвестиции и зајакнување на конкурентноста

12 ноември 2020


„Севкупно, 400 компании ќе добијат финансиска поддршка во износ од 17.2 милиони евра. Оваа финансиска поддршка е една од мерките во третиот економски сет, поточно Финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста во износ од 20 милиони евра наменета за приватниот сектор, односно за претпријатија кои и во кризна ситуација продолжија да работат и да инвестираат во нивниот раст и развој, конкурентност и модернизација“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на денешната прес-конференција заедно со вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши.

Undefined

Битиќи на состанокот за „Националниот едношалтерски систем“: Олеснувањето на трговијата е стратешка и политичка определба на државата и неопходност за подобра регионална соработка

11 ноември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на покана на канцеларијата на Меѓународната финансиска корпорација (International Finance Corporation-IFC), дел од групацијата Светска Банка, се обрати на  првиот, иницијален работен состанок за развој на Нацрт концепт за нов едношалтерски систем за трговија, кој се одржа преку видео конференциска врска.

Undefined

Мерката на Владата за забрана на групирање на повеќе од четири лица на јавен простор има точно утврдени исклучоци

11 ноември 2020

Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана за собирања во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден, цела седмица, која ја донесе на 18-тата седница, има точно дефинирани исклучоци и не се однесува и не важи:

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна