Почетна

Вицепремиерот Битиќи на средба со италијанскиот амбасадор Силвестри – Италија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во ЕУ интеграциите, постои потенцијал за зголемување на економската соработка

10 декември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со новоназначениот амбасадор на Република Италија во нашата земја, Н.Е. Андреа Силвестри, на кого му посака успешен мандат, а разговараа за спроведувањето на пакетот анти-кризни мерки, досегашната економска соработка помеѓу двете земји и потенцијалите за продлабочување на истата.

Undefined

Од 26-тата седница на Владата: Одобрени измените во Програмата за имунизација за набавка на 833.000 вакцини за КОВИД-19; Владата даде согласност на договорот на „Пошта на Северна Македонија“ со Халкбанк АД Скопје

7 декември 2020


Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 26-та седница, ги усвои измените и дополнувањата на Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2020 година со што се потврдува намерата на Министерството за здравство да учеството во COVAX Facility за набавка на 833.000 дози на вакцини за КОВИД-19.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи, ЕУ амбасадорот Гир и директорот Наумов ја промовираа новата линија бескаматни кредити Ковид 3 – 31 милион евра се ставаат на располагање на микро и малите компании, трговски претријатија и занаетчии

7 декември 2020


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес на заедничка прес-конференција со ЕУ амбасадорот Дејвид Гир и директорот на Развојната банка на Северна Македонија Кире Наумов, изврши промоција на новата, трета по ред бескаматна кредитна линија Ковид 3, која од денес станува достапна за микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии, а со која на располагање се ставаат 31 милион евра.

Undefined

Претставен новиот дигитален продукт за бесплатна поддршка на мали и средни претпријатија – www.bizz4all.mk

7 декември 2020


Со цел поддршка на малите и средни претпријатија, директно погодени од Ковид 19 кризата, денеска заменикот на Претседателот на Владата задолжен задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации Нарине Сахакјан и амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Сибил Сутер, на он-лајн настан го претставија новиот дигиталниот продукт www.bizz4all.mk.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи во посета на компании во Охрид – Се грижиме и ги поддржуваме компаниите, тие се клучни за економскиот развој



Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, за време на посетата на Охрид, изврши обиколка на компаниите АСП-ПАК, ЛТХ леарница и Костал, со коишто Владата има потпишано договори за државна помош. За време на посетите на сите три компании, вицепремиерот се сретна и со менаџментот на компаниите со кои разговараше за нивното тековно работење, мерките на Владата за справување со кризата и другите мерки за поттикнување на нови инвестиции, како и за предизвиците со кои се соочуваат.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна